Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел 11.668 евра во Белград на вода - Канал 5

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел 11.668 евра во Белград на вода

Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за м/квадратен на локацијата Белград на вода. 

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел 11.668 евра во Белград на вода

Највисока сума е платена за стан со вкупна површина од 342 квадратни метри, 2,6 милиони евра на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски завод.

Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 3,4 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 64.000 евра на територијата на таа општина на локацијата Белград на вода.

Вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во четвртиот квартал од 2024 година изнесувал 2,2 милијарди евра, што е изедначување на рекордот од 2022 година.

Потпишани се 34.834 договори за продажба, со што е достигнато највисокото квартално ниво во изминатите две години.

Најголемо учество во вкупниот промет на недвижности има продажбата на станови (1,3 милијарди евра), со учество од 57 проценти.

За куќи се дадени 167,9 милиони евра (осум проценти од вкупната вредност), 163 милиони евра (седум проценти) за градежно земјиште, 108 милиони евра (пет проценти) за деловен простор и 73,4 милиони евра (три проценти) за земјоделско земјиште.

Купувањето на 11 проценти од недвижнините е финансирано со кредити, што е зголемување од четири процентни поени во споредба со истиот период од претходната година.

Во четвртиот квартал од 2024 година, бројот на договори за продажба се зголеми во споредба со истиот период минатата година во Ниш (43,6 проценти), Нови Сад (24,9 проценти), Крагуевац (20,1 процент) и Белград (15,5 проценти). /МИА

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер