Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија - Канал 5

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. 

Најскапиот лимон на светот се одгледува во Албанија

Сортата „Citrus australasica“ е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ ('caviar lime', 'finger lime'), потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радиотелевизија.

Љушња е единствената област од ова поднебје каде што посебната разноликост на австралискиот микроцитрус се прилагодила на почвата и климата. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користел тој и неговото семејство. Хида засадил 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот е исклучително баран на странскиот пазар, особено во Италија и Франција.

Овој лимон се разликува од тукашните лимони по тоа што од него не се цеди сок, туку се вади месестиот дел од плодот што е направен од влакна. Тоа се користи во разни салати, јадења од риба, како и за правење десерти.

Албанските ресторани сѐ уште не ја користат оваа сорта лимони, како што се наведува - поради високата пазарна цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер