Најскапата и најлуксузна Тојота добива СУВ изведба (ФОТО) - Канал 5

Најскапата и најлуксузна Тојота добива СУВ изведба (ФОТО)

Еден од најспецијалните автомобили во светот добива SUV варијанта.

Најскапата и најлуксузна Тојота добива СУВ изведба (ФОТО)

Кога ќе кажеме дека тоа е омилен избор на јапонските високи функционери, како и на самиот јапонски император, повеќето ќе знаат дека тоа е Toyota Century. Не е најскапиот, ниту најлуксузниот автомобил, но секако е најконзервативен, па затоа изненадува најавата дека би можел да добие SUV изведба.

Toyota Century беше претставен во 1967 година, а досега има видено само три генерации. Последната го загуби моторот V12, но доби уште повеќе во однос на мазноста и самата удобност при возењето. Јапонскиот Best Car сега објави дека Toyota го подготвува теренот за SUV верзија на моделот, која наводно ќе се базира на моделот Highlander.

Не треба да се бараат сличности со оригиналот. Теренецот Century ќе се протега до 5,2 метри со цели три метри меѓу оските. Ако на сè се додаде 1950 mm ширина и 1750 mm висина, со маса од 2200 kg, јасно е дека се работи за импозантно возило.

Изненадувањата не застануваат тука, па под хаубата нема да има хибрид со V8 мотор, туку 3,5 V6 од Lexus LS 500h. Во продажба би можел да се најде веќе кон средината на годината и по нешто пониска цена од оригиналната. Имено, Century започнува од околу 142.000 евра, додека теренецот би можел да започне „уште“ од 106.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер