Најсилниот БМВ во историјата е СУВ и има 748 КС- ќе бидат направени само 500 примероци (ВИДЕО) - Канал 5

Најсилниот БМВ во историјата е СУВ и има 748 КС- ќе бидат направени само 500 примероци (ВИДЕО)

748 КС и 1000 Nm, тоа е максимумот на располагање за најмоќното сериско BMW во историјата.

Најсилниот БМВ во историјата е СУВ и има 748 КС- ќе бидат направени само 500 примероци (ВИДЕО)

А производството започнува во август годинава, што значи дека многу наскоро првите примероци ќе стигнат на патиштата.

Секој што се плашеше дека Red Label ќе биде целосно електричен, сега може да здивне. Приказната е добро позната, а носач е V8 мотор со максимални 585 КС. Остатокот до споменатата максимална моќност го врши електромоторот.

Разликата во вртежниот момент е уште позабележителна во однос на „стандардниот“ XM. Плус е дури 200 Nm, па максимални 1000 Nm му се достапни на возачот додека V8 врти со 5600 вртежи во минута. Конкретните податоци велат дека електромоторот може да произведе до 197 КС и 280 Nm.

Се разбира, одделот М не само што ја зголеми моќноста, туку направи и низа модификации за супер-SUV-от на BMW, вклучително и инсталирање на посилно коленесто вратило и модификации на осумстепениот менувач. Притоа, акцентот е ставен на одговорот на кривата на испорака на моќност.

Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, а со опционалниот пакет M Drivers се зголемува на 290 km/h. До 100 km/h достигнува за 3,8 секунди. Од друга страна, XM може да вози речиси тивко на електрична енергија до 140 km/h со опсег од 78 до 83 km според WLTP. Ништо не е „нормално“ во BMW, дури ни концептот за тивко возење. Имено, за струја нуди „IconicSounds Electric“ компонирана од Ханс Цимер, а изборот е на возачот.

YouTube video

Официјалните податоци за потрошувачката говорат за потрошувачка на бензин од 1,7 l/100 km и потрошувачка на електрична енергија од дури 34,5 kWh/100 km. Затоа, не треба да чуди што батеријата има ист капацитет како и помалите електрични автомобили - 25,7 kWh. Се полни на полнач со капацитет до 7,4 kWh, а од 0 до 100% полнењето трае 4,25 часа.

Кога станува збор за дизајнот, нема да кажеме ништо ново ако заклучиме дека ќе предизвика голем интерес. На крајот на краиштата, како и секој XM. Оваа верзија е можеби уште попријатна за око. БМВ оди до крајност, а покрај посебната металик црна боја, носи и црвени детали, што е само една од 50-те нијанси на располагање. Внатрешноста е направена по истиот рецепт.

Ако се прашувате колку чини овој супер-SUV, одговорот е 203.000 евра. А наскоро ќе биде распродаден од едноставна причина што BMW нуди само 500 примероци.

YouTube video

Во исто време, BMW најави и послаба верзија на 50e, за која се претпоставува дека ќе падне за два цилиндри, но и за најмалку 200 КС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје

Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.

Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје

Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември.

Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен.

Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза.

Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ

Нови задолжувања или враќање на старите долгови од претходната влада- премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче со меѓусебни обвинувања кој е виновен за парите кои допрва треба да се враќаат.

Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ

Според Мицкоски владата има добар економски план кој досега се покажал како успешен, како што вели, и покрај последиците од политиките на владата на СДСМ по која требало да се отплатат долгови од 5 милијарди евра во следните две години. За критките од опозицијата за лоши резултати во капиталните инвестиции, премиерот одговори дека досега за годинава има реализација од 70 проценти.

„ Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит којшто генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра, толку пари треба да обезбедиме за следните две години. Со толку практично тие ги задолжиле неродените генерации. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Наспроти Мицкоски, претседателот на СДСМ Филипче вели дека долговите не се стари туку креирани од актуелната влада. Со предлог-буџетот за 2027 година нема да има капитални проекти и повисоки плати, ниту повеќе пари за здравството, образованието и земјоделството, изјави Филипче.

-На целата таа лоша економска политика, лоша структура на буџетот, дополнителните лаги на премиерот е дека се задолжува да враќа стари долгови. Чиста лага... Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте, а порасна од 8,5, па 11 а ќе биде 12 милијарди евра. Најголем историски долг во историјата на државата. Христијан Мицкоски при репрограмирањето, враќањето на старите долгови, се задолжува дупло – еден дел за стари долгови, уште толку за нивни проекти коишто не се капитални туку за трошење пари,- Венко Филипче - претседател на СДСМ.

Со предлог-буџетот за следната година се предвидени вкупни приходи од 6,43 милијарди евра, расходи 7,16 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини власта дека води лоши економски политики. 

Ќе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?

Тврди дека и покрај ветувањата оти струјата нема да поскапи се најавува ново зголемување на цените на струјата и парното, што според него дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните .

„Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека цената на струјата нема да поскапи, претседателот на РКЕ, членот на ВМРО криминалната група, Ацо Ристов, најави зголемување на струјата од 2 до 3 проценти и на парното, коешто е веќе зголемено 5 проценти, за дополнителни 6 до 8. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а па не станува збор за зголемување на стандардот на граѓаните. Што ќе се случи после Нова година кај нас? Ова зголемување на струјата за 2 до 3 проценти ќе повлече зголемување на сите производи кај нас“, подвлече Филипче.

Лидерот на опозицијата предупреди дека новите поскапувања дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните, во услови кога, како што посочи, синдикалната потрошувачка кошничка веќе достигнала 71 илјада денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика за Канал 5 кусо информираат дека не коментираат политички ставови и дека во моментов нема донесено одлука за поскапување на струјата. Евентуалната промена на цената се очекува да се разгледува во текот на декември.

Претходно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во телевизиско гостување изјави дека компаниите побарале поскапување на парното од 45 до 50 проценти, што го оцени како неприфатливо. Сепак, поради растот на цената на природниот гас, очекува зголемувањето да се движи од шест до осум проценти, додека струјата за домаќинствата од Нова година би можела да поскапи за два до три проценти.

Од друга страна, премиерот Мицкоски предупреди дека Европа ја очекува исклучително тешка зима поради енергетската криза и високите цени на енергенсите. Тој уверува дека Владата ќе продолжи со мерките за заштита на животниот стандард и спречување драстични поскапувања. Според Мицкоски, со намалувањето на акцизите за горивата и ДДВ, Македонија поуспешно се справува со енергетската криза во споредба со земјите од регионот.

„За нас како Влада главна цел е да го одбраниме стандардот на граѓаните од оваа зима. Односно да не дозволиме драстични скокови кога станува збор за цените на енергенсите. И во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики. Кога станува збор за енергенсите, тука мислам на цената на електричната енергија и цената на топлинската енергија којашто ја добиваат одреден дел на граѓани во главниот град Скопје“, изјави Мицкоски.

За справување со енергетските предизвици, Владата планира да го зголеми домашното производство на струја во термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, преку набавка на јаглен од Косово, како и да го рестартира ТЕЦ „Неготино“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер