Најшокантната слика ова лето: Тенисерката топлес на плажа, а милионерот ја бакнува многу експлицитно (фото) - Канал 5

Најшокантната слика ова лето: Тенисерката топлес на плажа, а милионерот ја бакнува многу експлицитно (фото)

Руската тенисерка Марија Шарапова и нејзиното момче, милионерот Александер Гилкес уживаат во Италија, фотографирани во многу експлицитни пози.

Најшокантната слика ова лето: Тенисерката топлес на плажа, а милионерот ја бакнува многу експлицитно (фото)

Странските медиуми ги нарекоа овие слики, најпровокативните фотографии ова лето.

Парот е заедно од јануари, а одморот се одлучија да го поминат заедно.

Дестинацијата за која се одлучија е Италија, а папарачите ги следат во секој чекор па така настанале и овие фотографии на кои милионерот очигледно не можел да одолее на убавината на својата избраничка.

how im tryina live. #mariasharapova

A post shared by Pic Are NoT My Dm For Credit (@celebs_football) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. 

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.

Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.

Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

Вистината е сосема спротивна.

Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.

Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.

Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук.

Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер