Најшироката улица на светот е во Аргентина-на пешаците им требаат 4 минути да ја поминат(ВИДЕО) - Канал 5

Најшироката улица на светот е во Аргентина-на пешаците им требаат 4 минути да ја поминат(ВИДЕО)

„Најшироката улица во светот“ најде свое место и во Гинисовата книга на рекорди.

Најшироката улица на светот е во Аргентина-на пешаците им требаат 4 минути да ја поминат(ВИДЕО)

Се наоѓа во Буенос Аирес, а именувана е по Денот на независноста на Аргентина, основана на 9 јули 1816 година.

Импресивната авенија е широка 140 метри, има 16 главни ленти, четири дополнителни ленти (наменети за јавен превоз), централна пешачка зона и најмалку седум острови.

Авенијата 9-ти јули првпат била планирана во 1888 година, под друго име, но работата започнала дури во 1935 година поради поплаки од сопствениците на земјиштето.

Првата делница била отворена на 12 октомври 1937 година, а главниот дел бил изграден во 1960-тите. Таканаречените јужни врски биле завршени во 1980 година, пренесува Oddity Central.

Вреди да се спомене дека создавањето простор за огромен проект во центарот на метрополата бил посебен предизвик, што резултирал со уривање на 60.000 квадратни метри недвижен имот и раселување на илјадници жители.

Авенијата се протега на приближно три километри - од квартот Ретрио на север до железничката станица Конституција на југ.

YouTube video

Низ неговиот центар поминува разгранетата мрежа на јавниот превозник „Метробус“, чии услуги секојдневно ги користат четврт милион луѓе. На раскрсницата со улицата Корентес се издига гордоста на градот - Обелиск од Буенос Аирес.

TikToker @zeidaner неодамна одлучи да провери колку време им е потребно на пешаците да ја поминат авенијата 9-ти Јули. Тој објасни дека ќе оди побрзо од вообичаено.

@zeidaner

Widest avenue in the world🇦🇷⏰

♬ original sound - zeidaner

Целата авантура траела четири минути и 17 секунди, а времето вклучувало и чекање на семафори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

Извештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени.

Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Денеска  почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21.

Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота.

Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер