Најсекси бабата на светот со нови фотографии за фановите - Канал 5

Најсекси бабата на светот со нови фотографии за фановите

Џина Стјуарт доживеа неверојатно голема популарност во целиот свет , откако беше прогласена за најсекси баба.

Најсекси бабата на светот со нови фотографии за фановите

Привлечната Австралијанка се најде повторно во центарот на вниманието , откако Инстаграм и избриша фотографија на која е целосно гола. Но , тоа не ја поколеба бабичката. таа речиси секојдневно им приредува забава на своите милиони фанови со нови разголени фотографии.

❤️Today I was called Iconic by a journalist, that was an interesting statement , I suppose being Seen as the Worlds Hottest Grandma is Iconic in a way. Iconic meaning . Something that is iconic is characteristic of an icon — an image, emblem, idol, or hero. Iconic often describes something or someone that is considered symbolic . All I know is I have an instantly world recognisable symbol /brand all within a year of starting this social media journey. I believe everyones greatness does not come from a light that shines upon you but from the light that shines within you . If I am to embrace this status that I have become I will use it for good, to inspire, uplift , make a difference and turn my light up a notch to shine bright and light the way so that my heart touches others in some way . I am just a human being that wears my heart upon my sleeve nothing special❤️ Tonight’s photo was from my latest video only available at https://onlyfans.com/ginastewart

A post shared by Maxim Hot 100 Model. W.H.G (@ginastewartofficial) on

Џина има 49 години , а се прослави на 48- годишна возраст кога се натпреваруваше за Miss Maxim на Австралија заедно со 18- годишни девојки.

По овој избор , беше прогласена за најсекси баба на светот. Најавува дека наскоро ќе ги извади силиконите од градите.

❤️Be Bold, Be Brave , Be Beautiful, Be You ❤️

A post shared by Maxim Hot 100 Model. W.H.G (@ginastewartofficial) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

Пет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.

Штерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство.

Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита.

Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок.

Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја.

Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи.

Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент.

Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат?

По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник.

ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години.

Без докази. Без пресуда. Без никакви граници.

Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец.

Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“.

Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби.

Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и

Орбановите 40% од медиумите.

Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите.

ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини.

Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите.

Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка.

Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер