Најрани знаци на аутизам кај бебињата! Една мајка подели снимка од своето осуммесечно бебе - Канал 5

Најрани знаци на аутизам кај бебињата! Една мајка подели снимка од своето осуммесечно бебе

Бранди Хоган кај својата ќеркичка Бела открила една ретка промена при нејзиниот обид да лази и веднаш знаела дека нешто не е во ред.

Најрани знаци на аутизам кај бебињата! Една мајка подели снимка од своето осуммесечно бебе

Бренди Хоган е мајка на три деца, која неодамна на Тикток споделила видео од нејзината тогаш осуммесечна ќерка Бела, со цел да им го сврти вниманието на луѓето на можните рани знаци на аутизам. Ова емотивно видео набргу стана вирално, а прикажува како Бела не реагира на мајчиното довикување, не воспоставува контакт со очите и ползи на многу необичен начин.

Како што објаснила Бренди за „News week“, таа првично немала намера да го сними видеото поради тоа што се сомневала на аутизам. Наместо тоа, таа сакала да го документира специфичниот начин на ползење кај својат ќерка, која ја користи едната нога, додека другата ја витка, и снимката да му ја покаже на физиотерапевтот. Според неа, Бела е родена со тортиколис, што влијае на нејзиниот моторен развој, и веќе во рана фаза на овој деформитет била вклучена во програма за рана интервенција. Тортиколис или крив врат кој се препознава по карактеристичната положба на главата која е наведната на едната страна со лицето свртено на спротивната страна.

-Имавме физиотерапија, функционална терапија и логопед дома. Физиотерапевтот често се сомневаше на аутизам, но верував дека е премногу рано да се донесе таков заклучок. Бела веќе помина два теста на слухот, и двата имаат позитивни резултати, но третиот тест, кој беше направен додека спиеше, потврди дека нејзиниот слух не е причина за загриженост. Дури тогаш сфативме дека се случува нешто друго – открива Хоган.

На девојчето во јуни оваа година му е дијагностициран невербален аутизам, непосредно пред нејзиниот трет роденден. Оттогаш, Бела завршила со физиотерапијата, но продолжува со неделните терапии за подобрување на нејзините комуникациски и моторни вештини.

- Следната недела ќе добиеме комуникациски уред кој ќе ѝ помогне да ги изрази своите потреби. Се надеваме дека ова ќе ја поттикне да почне да го користи својот глас и да кажува зборови - истакнала нејзината мајка.

Џеси Голами, лиценциран терапевт кој работи со аутизам и други нарушувања во однесувањето, вели дека подигањето на свеста за аутизмот е клучно и социјалните медиуми можат да играат важна улога во тоа.

- Раните симптоми може да бидат суптилни, како што се ограничен контакт со очите, задоцнет говор или повторувачки движења. Родителите често ги препознаваат овие симптоми откако ќе видат слично однесување на социјалните мрежи, но важно е да се консултираат со стручни лица – нагласува Голами.

За Бренди ова искуство не е само приказна за нејзината ќерка Бела, туку и апел до родителите навреме да реагираат доколку забележат слични симптоми кај своите деца.

@brandihogan2017 Some early signs of autism we had weren't just not responding to her name, but she didn't respond at all. We actually had her hearing checked 3 different times and one of those tests she was put to sleep for. She had perfect hearing but didn't respond to us at all. She made zero eye contact at this age. We just kept thinking she will get it and eventually she did respond at times. She is 3 now and we work on this constantly. She has gotten much better about eye contact and responding to her name but that came with lots and lots of therapy. #autism #autismawareness #earlyautismsigns #autismbabies #babyautism #toddlerautism #nonverbal #eyecontact #signsofautism #babytok #toddlersoftiktok ♬ original sound - Brandi Hogan

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер