ЗабаваНајпровокативната спортистка повторно на Олимписки Игри!Најголемата „грешнничка“ меѓу спортистките повторно ќе биде дел од најголемата смотра на спортот Олимписките игри.Од претходните игри беше исфрлена поради „секс маратон“, сега доаѓа во Париз!Атрактивната скокачка во вода, Бразилката Ингрид де Оливеира повторно ќе биде во центарот на вниманието на Олимпијадата. Сексапилната Бразилка по трет пат ќе учествува во најголемата спортска манифестација на светот,Олимиските игри во Париз. Ингрид досега светската јавност ја познава не по спортските подвизи или освоените медали, туку по нешто што се случувало надвор од базенот. Имено, на Игрите одржани во 2016 година во нејзиниот роден град Рио де Жанеиро, таа беше жестоко казнета од Меѓународниот олимписки комитет и тоа поради прекршените правила и секс маратон со спортист вечерта пред натпреварот. На игрите во Рио, Ингрид го поканила кајакарот Педро Гонкалвес во собата и ја замоли својата „цимерка“ и скокачка во вода, Џована Педросо да излезе надвор. И потоа започнал секси маратонот на Ингрид и Педро, поради кој Џована не можела да заспие и следниот ден на натпреварите во скок во вода од платформа од десет метри Бразилките завршиле на последното место, иако беа фаворити за медал. View this post on Instagram A post shared by 𝗜𝗻𝗴𝗿𝗶𝗱 𝗢𝗹𝗶𝘃𝗲𝗶𝗿𝗮 (@ingrid.oliveira96) Лутата Џована за се го известила Олимпискиот комитет на Бразил, кој донел одлука да ја исфрли Ингрид од Олимпиското село и олимписката делегација. - Ќе ти ја кажам вистината. Го однесов Педро во собата, но не беше ноќта пред натпреварот. И јас не избркав никого од собата поради тоа. И не ме избркаа од Игрите. И двајцата сакавме нешто повеќе во еден момент, како и многу други. Болт внесе девојка без акредитација во собата, луѓето отворија профили на Тиндер за да флертуваат, но само мојот случај протече во јавноста. Кога ми кажаа дека се ќе биде објавено во медиумите, плачев со денови. Знам дека згрешив и свесен сум за тоа, но не заслужив така да ме третираат. Целата приказна беше искривена – изјавила во една прилика Ингрид, а пренесува „Информер“. По оваа афера многумина очекуваа дека атрактивната Де Оливеира ќе доживее голем пад во кариерата. Сепак, таа продолжи со спортската кариера и учеството на големите натпреварувања, а сега Ингрид се подготвува за патувањето во Париз на Олимписките игри кои стартуваат во петок. На Светското првенство 2022 година во Будимпешта, таа го освои четвртото место на десетметарската платформа. Следната година таа беше во финалето на Светското првенство во Јапонија, кое и обезбеди виза за Олимпијадата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за СкопјеУспешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје! Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани. Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија. Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје. За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи! Кога се сака, сѐ се може! Скопје го правиме заедно. По скопски!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканГрција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра.Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра, како и купување на неколку видови беспилотни летала и воени транспортни авиони C-390 од бразилската компанија „Ембраер“, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас. Советот за национална безбедност на Грција (KYSEA) даде првично одобрение за проектот претходно оваа година, а денес ги одобри договорите за набавка. Грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот Грција планира да воспостави повеќеслоен систем за одбрана од балистички ракети, воздушни закани и беспилотни летала наречен „Ахилов штит“, каде што јадрото на системот ќе бидат израелски радари и ракети од „Рафаел“ и „Израел аероспејс индустрис“ (IAI). „Системот ќе биде готов и целосно оперативен во рок од 35 месеци од денес“, рече Дендиас, додавајќи дека грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот. Грција моментално користи американски системи „Патриот“ и стари руски системи „С-300“ за заштита на својот воздушен простор, а до 2036 година планира да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на своите вооружени сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговараГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава...На таа тема во Гостивар попладнево прес-конференција одржа кризниот штаб каде информираа за актуелната состојба во градот... Таму е Дејан Трајкоски, Дејан дали е почнато хиперхлорирањето и кога би можеле гостиварци да добијат чиста вода за користење, што велат анализите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter