Најпознатиот ТикТокер на светот, кој само молчи, конечно доби италијанско државјанство (ВИДЕО)

Каби Ламе стекна голема слава на TikTok со иронични видеа во кои не зборува, туку всушност кажува сѐ со изразот на лицето. Го следат 148 милиони луѓе.

Овој популарен тиктокер од мал живее во Италија, но дури неодамна доби италијанско државјанство, пишува CBS News.

„Се колнам дека ќе бидам верен на Републиката и ќе ги почитувам Уставот и законите на земјата“, изјави Ламе оваа недела пред официјалните лица во Чивасо, провинцијата Торино, каде што се преселил со своето семејство од Сенегал. Кога дошол да живее во Италија, имал само една година.

@khaby.lame Not what I expected lol 🥺 #learnfromkhaby #learnontiktok @tiktok #spiderman #tomholland ♬ suono originale - Khabane lame

„Многу сум горд. И пред денешниот ден се чувствував Италијанец бидејќи отсекогаш сум живеел овде. Чувствувам голема одговорност по заклетвата што ја дадов. Тоа не се само зборови“, изјавил тој по добивањето државјанство.

Иако цел живот живее во Италија, не е роден таму, па процесот на добивање државјанство бил покомплициран.

@khaby.lame My Opposite Friends 😍🤣🤷🏿‍♂️ #learnfromkhaby #learnwithtiktok #dontlearnfrommyoppositefriends ♬ suono originale - Khabane lame

„Не е во ред човек кој толку години живеел и пораснал со италијанската култура и кој е чист, сè уште да нема право на државјанство. Не зборувам само за себе“, изјави тој неодамна за Ла Република.

@khaby.lame Nobody can scare Zlatan 🥵 #learnfromkhaby #learnontiktok #ibrahimovic #zlatanibrahimovic @tiktok @tiktokcreators ♬ Hotel - Lawsy

Неговото целосно име е Хабане Серињ Ламе, а својата кариера на ТикТок ја започнал за време на карантинот во 2020 година, откако ја загубил работата во фабрика. Неговата популарност брзо растеше. Каби еднаш изјави за Њујорк Тајмс дека неговите изрази на лицето се „глобален јазик што секој го разбира“.

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. /МИА

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ - од сите регистрирани во 2024 година.

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго.

Фото: БИГ СИ

Во Баварија уапсени двајца руски шпиони

Федералните обвинители уапсија вчера двајца осомничени руски шпиони во Баварија под сомнение дека шпионирале и планирале напади врз воени цели за да ја поткопаат поддршката за Украина, пишува денеска „Еурактив“.

Двајцата мажи се осомничени дека работеле за странска разузнавачка служба во „особено тежок случај“, соопшти обвинителството. Едниот е обвинет и за планирање на напади, пред се против воена инфраструктура и индустриски капацитети во Германија.

- Нашите безбедносни власти спречија можни експлозивни напади за да ја поткопаат нашата воена помош за Украина. Ова е сериозен случај на сомнителна активност на агент на криминалниот режим на Путин, изјави за новинарите министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според обвинителството, главниот обвинет бил во контакт со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година.

Двајцата мажи, исто така, се вели дека извидувале неколку потенцијални цели, вклучително и американски бази, каде што собирале информации поврзани со нападот. /МИА

притисни ентер