СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?
1СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?
БалканНајпознатиот бугарски рок пејач почина среде сцена на настап Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. Маричков беше фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарската рок група Штурците.За време на настапот Кирил Маричков паднал од бината и удрил со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Бугарската рок легенда на 30 октомври ќе наполнеше 80 години. Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот. Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена. Брзата помош пристигнала за 7 минути, а како што се наведува Маричков починал при реанимацијата. Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет биле со бендот Бандарачите, во кој свирел на бас гитара. Во 1967 година, откако „Бандарачите“ се распаднле, Маричков и тапанарот Петар Цанков го основале „Штурците“ Кирил Маричков го постигна својот најголем успех како музичар и изведувач со групата „Штурците“, која стана легенда на бугарскиот рок. „Штурцити“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија.После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство - сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со дрон да ја испитува водата од воздух. Не Тошковски, кој наместо да си ја работи својата работа, се занимава со хиперхлорирање на водата во Гостивар. Сега уште едно признание или само барање нов алиби? Мицкоски едно прашањето од граганите: кој од вас ќе одговара за труењето на цела Македонија? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКраповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметнициАнсамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа, кларинетистот Игор Иванов, гитаристот Роман Петиот, пијанистката Маријана Николовска, виолинистот Мартин Димитров, Александар Лаовски на виола и Паскал Краповски на виолончело. Извонредниот виолончелист Паскал Краповски рече дека ова е трето нивно учество во рамки на „Охридско лето“, што според него, е знак за континуитет и докажани концерти кои очигледно даваат ефект за да продолжи таквиот континуитет. -За нас, како и за секој македонски уметник, најпрестижниот фестивал во Македонија, „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж бидејќи самиот фестивал си ја носи тежината. Искуството што ние го споделуваме со публиката и тоа што ние го доживуваме е нешто што е незаменливо, нема цена, нема зборови со коишто може да се објасни. Чувството на сцена го носиме ние, го доживуваме и тоа е прекрасно, посебно во простор како црквата „Света Софија“, изјави Краповски. На синоќешниот репертоар беа прекрасни изведби на дела од современите македонски композитори Панде Шахов, Дарија Андовска, Дамјан Темков, Ангел Спироски и Томислав Зографски, но и композиции од Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Андре Капле, Гијом Конесон, Х.Вила-Лобос, Мануел де Фаља и Астор Пјацола. -Со оглед на тоа што ние сме ансамбл за современа музика, се трудиме да ја негуваме македонската современа класична музика како нешто квалитетно не само дома, туку да ја презентираме и надвор. Направивме една колажна програма која го опфати нашиот домен на интерес, но сепак настапуваме на фестивал којшто се одржува во лето, а без летна музика не може, додаде виолончелистот Краповски. Ансамблот „Алтус“ кој уште од самите почетоци на своето постоење е одлично пречекан од страна на стручната јавност, во 2024 година ја доби и наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаНајмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна ШпанијаПродолжениот топлотен бран со температури од околу 40 степени целзиусови предизвикаа шумски пожари низ јужна Европа ова лето. Пожарникарите се бореа со пожарите во Франција, Португалија и Шпанија, при што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Најмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна шпанија, пренесува Би-Би-Си . Ова се најсмртоносните пожари во шпанската историја. Четири од жртвите најверојатно се британци, велат властите на Андалузија. Стотици луѓе се обидуваат да го локализираат пожарот, кој најверојатно е предизвикан од паднат далновод. Пламените јазици потоа се прошириле во шумска област околу Лос Гаљардос, Алмерија.четири лица биле пронајдени заробени во нивниот автомобил, а осум други жртви беа пронајдени на друго место, обидувајќи се да избегаат од пламенот. Пожарот, исто така, доведе до затворање на патишта, додека 1.000 жители беа евакуирани, според службите за итни случаи.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20