3Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
ЖивотНајпознатата олимписка навивачка пристигна во Париз со знамето на ЈугославијаСо уникатна церемонија низ реката Сена синоќа во Париз беа отворени 33. Олимписки игри. Спектаклот траеше речиси четири часа и со него беше означен официјалниот почеток на најголемиот светски спортски настан. За прв пат во историјата свеченото отворање на Олимписките игри се одржа надвор од стадионот. Делегации од сите земји пловеа по реката Сена на 85 чамци и ги посетија некои од најголемите знаменитости на Париз. Една од атракциите на денот на отворањето секако беше и најпознатата олимписка навивачка во светот, 60 годипната Американка Вивијан Робинсон, позната како Супер фан на Олимпијадата. Оваа американска навивачка пристигна во Париз, каде во живо ќе ги следи своите седми Олимписки игри. Вивиен љубовта кон Олимписките игри ја наследила од нејзината мајка, која била волонтер на Игрите во Лос Анџелес во 1984 година. Како страствен љубител на Олимписките игри, Вивијан прошета низ Париз во облека покриена со знамињата на сите земји кои беа домаќини на Олимписките игри. Меѓу нив е и југословенското знаме, во знак на сеќавање на Зимските олимписки игри одржани во Сараево во 1984 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Канада е една од најлошите земји во светотАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба. „Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада. Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада. При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи. Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД. „Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата.. Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата. -Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна женаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје. „Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook