Најпопуларните туристички дестинации од регионот ги објавија протоколите за на плажа

Популарните дестинации за летување ги почнуваат подготовките со новите правила поради коронавирусот. 

Грција веќе ги објави протоколите до кои угостителите, хотелиерите, но и гостите ќе мора строго да се придржуваат.

Хотелите се задолжени да имаат одговорно лице кое ќе се справува со гости, симптоматични на ковид-19, а воедно да имаат лекар и соработник. Секој туристички објект мора да архивира голем број на податоци од вработените и гостите, за да може полесно да се спроведе алгоритам, доколку некој биде посомнителен да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

На сличен начин ќе функционираат и крузерите кои ќе мора да се изборат со непредвиливата претстојна сезона.

„Ќе го намалиме бројот на патници за 50 проценти, а чистењето ќе се одвива во текот на целиот ден. Ќе ја провериме температурата на патниците пред почетокот на турата, а носењето на маски ќе биде неминовно. За возврат патниците ќе ја видат убавината на островите

Сепак не е присутен оптимизмот кај работниците од овој сектор, според кои, „новото нормално“ ќе го преполови туризмот.

„Туризмот ќе се преполови оваа сезона, затоа ќе имаме многу,многу тешка зима“

„Ние се соочивме со огромна финансиска криза и се трудиме да излеземе од ова тешко искушение. Ние живееме од туризмот, а сега веќе не остана ништо.

Пандемијата го опустоши туризмот и во Турција, кој скоро целосно запре во април, односно забележаа пад од 99 проценти на странски посетители. Турција во април имала речиси 25 илјади туристи, а мината година  во истиот период бројката изнесувала 3,2 милиони посетители, објави турското министерство за туризам.

Со мерки на претпазливост ќе се летува и во Бугарија. Покрај задолжителната засилена хигиена за секој гостин, сопствениците на сместувачките капацитети се должни на секој турист да му обезбедат санитарен сет, од ракавици и маски. Туристите ќе појадуваат на терасите на предвидена оддалеченост, а истите во собите ќе се разладуваат со вентилатори наместо со клими.

Србија веќе ги отвори границите за странски посетители, додека пак јужниот сосед тоа ќе го направи на петнаесетти јуни, а наскоро се очекува истото да го направат и остатаните земји од регионот.

притисни ентер