ЗабаваНајплатената американска проститутка ја тужи државата поради мерките (ФОТО)Црвенокосата Алис Литл, која тврди дека е најмногу платена проститутка во Америка, одлучи да ја тужи државата Невада затоа што решила да ги затвори борделите, кои таму се легални, поради пандемијата на коронавирус.Алис досега собрала повеќе од четириесет илјади долари од своите обожаватели на платформата GoFundMe за нејзините судски трошоци. Тужбата е покрената откако гувернерот на Невада, Стив Сисолак одобрил мерки за забрана на блиски контакти во борделите, објави „Њујорк пост“. „Одлуката на гувернерот да ги затвори борделите е дискриминација на сексуалните работници“, рече 30-годишната Алис. По потекло од Ирска, Алис има повеќе од 106.000 следбеници на Инстаграм и работела во борделот „ Moonlite BunnyRanch “ кој што бил затворен во март поради пандемијата. Една година порано, таа заработувала до милион долари годишно, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Alice Little (@thealicelittleofficial) Тврди дека сексуалните работници претрпеле огромни загуби оваа година во Невада, моментално единствената американска држава каде проституцијата е легална. Таа исто така посочува дека државните мерки за помош на претприемачите опфатиле сè, освен жените и мажите кои се занимаваат со најстариот занает. View this post on Instagram A post shared by Alice Little (@thealicelittleofficial) „Гувернерот на Невада неправедно ги затвора легалните бордели додека дозволува да работат другите продавници, како што се салоните за масажа, бањи и салони за убавина“, напиша Алис Литл. Одговори и гувернерот Сисолак, велејќи дека проституцијата во моментот не му е приоритет. - Треба да размислиме за враќање на децата на училиште, во моментов тоа е поважно од враќањето на луѓето во борделите. И тоа ќе го сториме со време, но не во блиска иднина - рече тој. Литл не е единствената погодена од новите мерки. „Њујорк пост“ заклучува дека многу сексуални работници морале да ги префрлат своите деловни активности на Интернет и платформите како што е страницата „ OnlyFans“, а една придружничка понудила услуги „виртуелна девојка“ во замена за намирници и картички за подароци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
СветНагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирањеВо Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото. Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје. More than 90 countries attended a memorial ceremony in Nagasaki marking the 81st anniversary of the US atomic bombing. Participants observed a moment of silence at 11:02 a.m., the exact time the plutonium bomb exploded over the city on August 9, 1945. The bombing killed an… pic.twitter.com/2sSSZbXAb8 — TRT World (@trtworld) August 9, 2026 Тагови: Нагасаки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направенаИранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него. Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност. State Media Video of Khamenei Backfires, Heightening Health Rumors Iranian state outlets released a video titled "First Images of the Leader" showing the Supreme Leader addressing students, following reports of his critical hospitalization. However, Iranian social media users… pic.twitter.com/9sIAQ8IvWa — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) August 8, 2026 Тагови: Моџтаба Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празенВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.Ајде да ги видиме тие „деманти“: 27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден. Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%. Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо. На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер. 22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната. Реалност: Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар. Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар. Треба ли уште објаснување? 21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен. Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика. ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“ Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза. А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра. Ете како ВМРО ја пласира својата статистика. 14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата. Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа. И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени: • Млеко - поскапено околу 50% • Леб - поскапен околу 60% • Ориз - поскапен околу 70% • Јајца - поскапени околу 60% • Месо - поскапено меѓу 50 и 70% И што сега, ВМРО? Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат. Ова е истата логика како и досега: • Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб, • Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни, • Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години), • Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе, Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница. И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели. Продолжете да се фалите со проценти. Народот веќе одамна ве мери со празни кеси. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05