Најосаменото шимпанзо на светот - посетителите ги пречекува со прегратка! - Канал 5

Најосаменото шимпанзо на светот - посетителите ги пречекува со прегратка!

Понсо е најосаменото жимпанзо на светот. Тој живее сам на мал остров на Брегот на Слоновата Коска од 2013 година - кога тој, неговата партнерка и нивниот подмладок, биле оставени на островот откако биле употребени за медицински истражувања. Преживеал само Понсо.

Најосаменото шимпанзо на светот - посетителите ги пречекува со прегратка!
За него се грижи само еден човек, Жермејн, кој му носи вода и храна. Кога директорката на Центарот за шимпанза, Естел Рабаланд, отиде да го посети Понсо, веднаш се покажа колку нему му недостасува друштво - тој веднаш ја прегрна Естел, а кога таа го допре среќно се насмеа - пишува Дејли меил.

Ponso, who lost his partner and two children at the end of 2013, immediately embraced Estelle in a huge hug

За оние кои ја знаат приказната на Понсо, неговата доверба во луѓето е изненадувачка.

Тој е еден од 20-те шимпанза на возраст од 7 до 11 години кои биле пренесени на островот откако биле тестирани во њујоршкиот „Центар за крв“. Животните биле уловени во дивината и потоа користени за истражување за хепатит. Откако тестирањата завршиле, шимпанзата биле пренесени на друга локација. Поради глад и болести единаесет не преживеале, а преостанатите девет биле пренесени на островот каде сега живее Понсо сам. Кога неговата партнерка и двете мали шимпанза угинале, Понсо помогнал да бидат закопани - вели селанецот кој се грижи за него, Жермејн.


Ponso's only companionship is Germain (pictured), a villager who brings him banana and bread every so often as the there is no source of natural food on the island


Понсо ќе биде спасен. Групата СОС ПОНСО успеа да собере 20 000 евра за храна и ветеринарна грижа за шимпанзото, кое живее на остров на кој нема природен извор на храна...

/ извор: Дејли меил











Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер