Најосамениот кит во светот: Плива сама и никој не ја слуша нејзината песна - Канал 5

Најосамениот кит во светот: Плива сама и никој не ја слуша нејзината песна

Научниците толку ги фасцинирала една женка кит што тие ја следат низ целиот свет, само за да сфатат што не е во ред со неа.

Најосамениот кит во светот: Плива сама и никој не ја слуша нејзината песна
Ова животно делувало како да е во депресија. Пливала сама, без никој свој во близина. Тоа е невообичаено однесување за ова животни – џинови на морињата кои често се движат во јато. Сепак, таа патувала преку Пацификот и минала над 11 илјади километри годишно, цело време довикувајќи некој – било кој!

Немала ниту пријатели, ниту семејство или потомок, била сама на светот.

Научниците не се сигурни на кој вид му припаѓа бидејќи личи на хибрид од син кит или има некоја чудна мутација.

Сепак, тие откриле поради што оваа женка, која ја прогласиле за најосамениот кит во светот, никој не ја сака.

Колку таа да вика и да ја песната на китовите, никој не ја слуша.

Веројатно заради природна грешка со која е родена, оваа женка пее на фреквенција од 52 херци, додека останатите китови пеат и слушаат на околу 15-20 херци, Таа залудно вика.

Уште е потажна констатацијата на научниците дека овој кит со текот на годините пее се подолго, а нејзините довикувања стануваат се поочајни.
Приказната за ова единствено суштество кое и натаму бара пар, ги погоди луѓето низ целиот свет, па така за „китот 52“ се снима и документарец, а за него пишуваше и Њујорк Тајмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал.

Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери.

Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните.

Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДС, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба.

Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем.

Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства.

Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.

Хакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами.

„Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца.

Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ.

Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите.

Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN).

За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста.

„Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп.

„Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД.

Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за  Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки.

Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен.

Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен.

Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.

Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер