СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
1СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
ЖивотНајопасно селфи – здивот застанува на 450 метри(ВИДЕО)Група момчиња од Кина направија видео снимка , која е прогласена за најопасна до сега.На селфито со гледа како висат од зграда во кинескиот град Нанџинг на висина од 450 метри . Ниеден од нив нема заштитна опрема , а од бездната ги дели само ниска ограда на кулата Зифенг. Од обезбедувањето на зградата не знаеле да кажат како успеале момчињата да дојдат до врвот на зградата . ,,Имавме среќа , се качивме на лифтот до најгорниот кат , вратата на покривот не беше заклучена и така успеавме да го направиме видеото” , вели Чарли , едно од момчињата кој додава дека досега успеал да ги освои сите висококатници во градот Чонкинг повисоки од 200 метри . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал... Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите! СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка. Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка! Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија. Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини. Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик. Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките. Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката. Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму. Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи. Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија. Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган. Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено? Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот. Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата. Почитувани, Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари. Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески. Не може во Македонија ништо да не се презема. Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат. Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон. Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити. Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно: Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата! Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СкијањеЛиндзи Вон откри што ѝ извадиле од ногатаСветската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата, по девет операции, луѓето се шокирани од она низ што поминува таа.Една од најдобрите светски скијачки во историјата, Линдзи Вон имаше деветта операција, при што од ногата ѝ беа извадени плочки и шрафови. Неа ја очекува тешко закрепнување по повредата што ја заработи на Зимските олимписки игри. 42 годишната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, од која сè уште се опоравува. Оттогаш, Вон имала дури девет операции, а при последната од нив, лекарите ги извадиле сите плочки и шрафови од нејзината нога. А ги имало навистина многу. Како што истакна Линдзи, операцијата поминала добро и закрепнувањето се одвива во вистинска насока, но таа девет месеци трпела неподносливи болки поради одлуката повторно да се натпреварува на Олимписките игри во својата петта деценија од животот – таа едноставно „горела“ од желба да освои уште еден медал. За жал, таа претрпе сериозна повреда при судир со порта, при што дојде до оштетување на предните вкрстени лигаменти. Веднаш била примена во болница во Италија, а потоа закрепнувањето го продолжила во САД, каде што сега ѝ беше извршена операцијата. Лекарите конечно ги извадиле сите плочки и шрафови, а таа објави кратко видео кое ги шокираше нејзините следбеници: „Сето ова го извадија од мојата нога“, напиша Американката, чија десна нога е во завои. Деветтата операција не значи дека закрепнувањето е завршено; најверојатно ја очекуваат уште неколку месеци во кои ќе се обиде да ја врати флексибилноста на ногата. Сепак, останува прашањето дали таа некогаш ќе биде истата како порано – како и дали повторно ќе се натпреварува во скијање. „Мојата лева нога всушност закрепнува многу добро. Сè уште немам преден вкрстен лигамент, па ќе биде неопходно да се извади металот од ногата и таа да се санира. Проблемот е во мојот десен скочен зглоб. Тој е сè уште скршен, но веќе не боли толку многу“, изјави таа за „Спортс Центар“ пред неколку недели, признавајќи дека минува низ многу тежок период во својот живот – можеби најтешкиот во нејзината кариера, која е една од најголемите во историјата на овој спорт. „Во овој период научив многу за трпението. Мислев дека веќе знам нешто за тоа, но навистина поминав низ многу искушенија. Чувствував дека напредокот е многу бавен, иако работев напорно. Коските не заздравуваат на ист начин како лигаментите, а јас не бев навикната на тоа.“ Инаку, Линдзи Вон се повреди на Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, но сепак одлучи да настапи. Таа имаше завој на коленото и претрпе тешка повреда, од која и денес ги чувствува последиците.Тагови: Линдзи Вон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговараПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаниФилипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника. Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34