СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
ЖивотНајопасна професија на светот – работник кој „молзи“ скорпии поради нивниот отров (ВИДЕО)На таканаречените фарми на скорпии се одгледуваат злобните суштества со цел да им се вади отровот.Следната снимка предизвика возбуда на интернет, а корисниците ја опишуваат како „фасцинантна“ и „застрашувачка“, пишува Times Now News. Каде се користи? На интернет може да дознаете дека секоја скорпија произведува околу два милиграми отров дневно, кој се „молзи“ со помош на пинцети и специјални држачи. Еден литар од отровот наводно се продава за милиони долари на светскиот пазар, а понатаму се користи во медицината и козметичката индустрија. Гледачите беа воодушевени од снимката на фармата и целата приказна, а нивните коментари кажуваат сѐ. Did you know? Scorpions farms do exist. Each scorpion produces about 2 milligrams of venom daily, which is milked using a pair of tweezers and tongs. A liter is worth $10 million, used for cosmetics and medicinespic.twitter.com/Spfierr58i — Massimo (@Rainmaker1973) March 20, 2025 „Мало суштество, но лудо вредно“ „Комплексноста на природата никогаш не престанува да ме воодушевува“, „Интригантно е како и најмалите суштества можат да дадат вредни придонеси за науката“, „Мало суштество, но лудо вредно“, „Скорпиите буквално вредат злато“, беа дел од пораките. Некои беа изненадени кога видоа работници како го поминуваат своето време на фарма, а илјадници отровни суштества лазат пред нивните нозе. „Кошмар! Никогаш не би можел да го работам ова“, напишало едно лице.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook