Најодликуваниот британски командос веќе со месеци е во Дубаи под обвинение за шпионажа - Канал 5

Најодликуваниот британски командос веќе со месеци е во Дубаи под обвинение за шпионажа

Најодликуваниот маринец на Велика Британија, Мет Краучер, кој служел во британската армија во Ирак и Авганистан, веќе седум месеци е во Дубаи поради обвинувања за шпионажа, објави денеска Тајмс.

Најодликуваниот британски командос веќе со месеци е во Дубаи под обвинение за шпионажа

На Краучер, кој го доби Крстот на кралот Џорџ за храброст во Авганистан, му е одземен пасошот и му е забрането да ги напушта Обединетите Арапски Емирати.

Поранешниот маринец бил уапсен во ноември минатата година и обвинет за „намерен и незаконски пристап до телекомуникациска мрежа“.

Тајмс соопшти дека не се дадени детали за неговото обвинение.

Во соопштението до кое дојде „Тајмс“, семејството на Краучер рече дека тој е под голем стрес и дека наводите се „измислени и смешни“.

„Шокирани сме од збирот на околности што се појавија во последните седум месеци. Мет требаше да го нема само неколку недели“, се вели во соопштението на семејството.

Краучер е уапсен на 4 ноември. Тој бил принуден да спие на под и јадел само два пати на ден, изјави близок пријател на Краучер. По шестчасовно испрашување, Краучер бил обвинет за шпионажа.

По неколку дена излегол од затвор, бидејќи јавниот обвинител немал доволно докази да го приведе, но се уште е под истрага. Властите му го одзеле телефонот, пасошот и пристапот до банкарската сметка.

Од 2014 до 2021 година, Краучер живеел во Дубаи, каде што работел со властите за безбедносни прашања.

YouTube video

Тајмс посочува дека неговиот притвор во Дубаи може да предизвика срам за кралот Чарлс, бидејќи членовите на кралското семејство најверојатно ќе се сретнат со владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум на коњските трки во Кралскиот Аскот овој месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

НБА ѕвездата  Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство,  и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.

Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.

Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции.

Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница

 Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос Болсонаро

Состојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница

Карлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки.

Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата.

Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа.

Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор.

Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен.

Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година.

Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер