ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЗдравјеНајново истражување за омикрон: Помал е ризикот од хоспитализацииДвајца производители на вакцина против Ковид-19 тврдат дека нивните дози се ефикасни против омикрон, а добра вест е дека податоците собрани во Британија укажуваат дека ризикот од хоспитализација е дури 40 до 45 проценти помал од делта.Пандемијата на коронавирус повторно се разгоре во поголемиот дел од светот поради ширењето на омикрон, за кој се покажа дека е многу заразен, со повеќе од 100.000 нови случаи на ковид-19 пријавени вчера само во Британија, прв по распространетост . Прво идентификуван во јужна Африка и Хонг Конг, омикрон брзо станува доминантен во Западна Европа, но СЗО предупредува дека сè уште е рано да се извлечат заклучоци за неговата вирулентност. Прелиминарните податоци покажале дека омикрон е поотпорен на постоечките вакцини, но бројот на хоспитализирани и смртни случаи не е толку драматичен како во случајот делта. Лондонскиот Империјал колеџ објавил дека „доказите за намалување на ризикот од хоспитализација поради инфекција со омикрон во споредба со делта инфекцијата се пронајдени во сите случаи во периодот опфатен со студијата“. Истражувачите спровеле истражување со кое што ги анализирале податоците од случаите потврдени со ПЦР тестови во Англија помеѓу 1 и 14 декември, а според Империјал колеџот, ризикот од хоспитализација по инфекцијата со омикрон е за дури 40 до 45 проценти помал отколку за делта. Рагиб Али, виш клинички научник на Универзитетот во Кембриџ, рече дека бројките се охрабрувачки и „можеби ќе им помогнат на владите да ја оправдаат својата одлука да не наметнуваат построги мерки за собири за време на Божиќ во Англија“. Во борбата против пандемијата на коронавирус, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри антивирусната таблета на Pfizer против ковид-19 и оваа прва терапија, одобрена за домашна употреба, треба да стане важна алатка во борбата против ширењето и на омикрон. Клиничкото испитување на лекот Pfizer покажал дека тој е 90 проценти ефикасен во спречување на хоспитализирање и смрт на пациенти со висок ризик од развој на сериозна форма на болеста, а неодамнешните лабораториски студии сугерираат дека лекот делува и против омикрон. Таблетите на Pfizer, заедно со постариот антивирусен лек наречен ритонавир, ќе се продаваат под името Paxlovid. Во меѓувреме, AstraZeneca исто така објави дека три дози од нивната вакцина против Ковид-19 биле ефикасни против омикрон. Лабораторијата на Универзитетот во Оксфорд спровела студија која што покажала дека нивоата на анти-омикронски антитела по засилената доза биле повисоки од нивоата на антитела кај луѓето кои се заразиле и природно се опоравиле од ковид-19. По две редовни дози и засилувач, неутрализирачките нивоа против омикрон се покажале слични на оние против варијантата делта по две дози, додава AstraZeneca. Британско-шведската компанија истакнува дека научниците од Универзитетот Оксфорд кои го спровеле истражувањето не се поврзани со експертите кои работеле со AstraZenecа на вакцината Vaxzevria. Претходно денеска, Новавакс објавил и податоци кои покажуваат дека нивната вакцина, веќе одобрена од ЕМА и СЗО, додека „чека“ во САД, исто така генерира имунолошки одговор на омикрон. Варијантата делта, сепак, не опаѓа, а бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во Русија денеска надмина 600.000. Во Русија се откриени само 41 случај на омикрон. Само САД и Бразил имаат повеќе смртни случаи. Кина вчера воведе карантин на Ксиан, град со 13 милиони жители, поради брзото ширење на Ковид-19, но епидемијата не се припишува на омикрон, бидејќи досега не се откриени случаи на заразени со овој сој во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter