Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите - Канал 5

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите

Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е најголемо кај услугата фиксна телефонија со 69,6 проценти.

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите

Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е најголемо кај услугата фиксна телефонија со 69,6 проценти, по што следуваат телевизија со 63,3 проценти, интернет услуга со 62,4 проценти. Најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти, покажуваат резултатите од Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации.

Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Највисоко задоволство од квалитетот во мобилната телефонија, најниско во фиксната

Во поглед на задоволството од квалитетот на услугите кои ги користат испитаниците, најголемо сумирано задоволство постои за услугата мобилна телефонија со 79,6 проценти, потоа телевизија со 72,9 проценти, задоволни од квалитетот на услугата за услугата интернет со 70 проценти, додека најниско задоволство постои од квалитетот за фиксна телефонија, 69,3 проценти, се наведува во анкетата.

Кога станува збор за тоа колку се лојални корисниците на електронски комуникациски услуги, може да се каже дека повеќе од две третини од корисниците се лојални, односно лојалноста е највисока кај корисниците на услугата фиксна телефонија – 75,6 проценти, потоа следува услугата интернет каде 73,9 проценти од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, потоа услугата мобилна телефонија – 69,5 проценти, додека лојалноста е најниска кај корисниците на услугата телевизија – 66,1 процент.

Најголем дел од испитаниците или 79,5 проценти слушнале за Агенцијата за електронски комуникации. И покрај тоа што висок процент на испитаници знаат за АЕК, повеќе од две третини или 69,9 проценти сметаат дека не се доволно информирани за постапката на АЕК за решавање на спор помеѓу краен корисник и оператор. Контакт центарот на АЕК на бесплатниот број го контактирале само 6,1 процент од испитаниците во 2025 година.

Најчесто испитаниците се информираат за понудите и поволностите во врска со телекомуникациските услуги преку интернет (79,5 проценти), потоа преку телевизија (50,2 проценти) и 25,9 проценти директно од операторот. За интернет страната www.komuniciraj.mk информирани се 19,7 проценти од испитаниците.

Според резултатите од анкетата, една третина или 33,3 проценти од испитанците воопшто не ги читаат договорите што ги потпишуваат со давателитe на електронски комуникациски услуги, 35,4 проценти ги читаат пред да ги потпишат, а 31,4 проценти ги читаат откако ќе го потпишат или кога ќе настане некаков проблем. Причината која најчесто ја наведуваат поради која не ги читаат детално договорите е поради тоа што не ги потпишуваат лично договорите (32,5 проценти), немаат навика (21 процент) или немаат време (20,8 проценти). Повеќе од половина или 59,9 проценти од испитаниците сметаат дека операторите се придржуваат делумно до потпишаниот договор, додека 18,9 проценти сметаат дека операторите целосно се придржуваат до потпишаниот договор. Само 20,4 проценти од испитаниците се запознаени дека АЕК детално ги прегледува стандардните претплатнички договори на сите оператори и ги одобрува.

Интернет преку мобилен користат 90 проценти

Мобилна телефонија користат сите испитаници во примерокот. Корисници на мобилна услуга преку операторот А1 се 48,9 проценти, додека мобилна услуга преку Македонски Телеком користат 45,7 проценти од испитаниците. Од операторот Телекабел мобилна услуга користат 1,7 проценти, додека од МТел 3,6 проценти од испитаниците.

Во однос на потпишувањето на договори со операторите кои нудат мобилна услуга, 68,9 проценти од испитаниците потпишале двегодишен договор, додека 23,5 проценти немаат потпишано договор со временска рамка со операторот за мобилна телефонија. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплатиле за телефонски апарат (61 процент) или добиле телефонски апарат бесплатно (24,8 проценти).

Најголем дел од испитаниците или 90 проценти користат интернет преку мобилниот телефон. Во врска со оваа услуга, може да се забележи дека најголем степен на задоволство кај испитаниците има во однос на достапноста и брзината на мобилниот интернет (92 проценти), додека понизок во однос на цената на услугата (78 проценти).

[Почнувајќи од утре се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуг]

Од АЕК констатираат дека може да се забележи тренд на зголемување на корисници на мобилна телефонија кои знаат што е роаминг во последните пет години. Од нив, само една четвртина или 24,4 проценти сметаат дека имаат добра понуда за роаминг, додека приближно половина или 52,3 проценти не знаат односно не се информирани за понудата за роаминг која ја имаат. Услугата роаминг ја користеле 36,7 проценти од испитаниците, при што нешто повеќе од една третина или 36,1 проценти го консултирале операторот за совет пред да користат а повеќе од две третини или 68,3 проценти пред да патуваат во странство се информираат за цената за користење на мобилен телефон во соодветната земја. Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС – 62,4 проценти, за разговори – 41,5 проценти и интернет – 29,6 проценти.

При патување во странство, мануелен избор на мрежа прават 45,1 процент од испитаниците. Цената е најважен фактор при избор на мрежа во странство, одговор кој го дале 33,1 процент од испитаниците, додека втор најважен критериум е познатост на операторот, одговор кој го дале 29,1 процент од испитаниците. Како алтернатива за намалување на трошоците во странство се користи Wi-Fi мрежа и апликации за комуникација преку Wi-Fi мрежа, според 76,3 проценти од испитаниците. За договорот за регионален роаминг знаат 52,3 проценти од испитаниците, при што две третини од нив веќе го користеле до сега. Најголем дел или 83,1 проценти сметаат дека е значително поефтин.

Според анкетата, фиксна телефонија користат 38,8 проценти, од кои поголем дел или 53,6 проценти ја користат услугата преку Македонски Телеком, а 39,8 проценти преку А1 операторот, 4,9 проценти преку Телекабел, додека 1,6 проценти преку Неотел. Приближно 70 проценти од испитаниците се задоволни од квалитетот на услугите, при што 75,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека повторно би го одбрале тековниот оператор. Приближно две третини или 65,1 проценти од испитаниците немале никаков проблем при користење на фиксна телефонија во последните 12

месеци.

Во поглед на приговорите за фиксна телефонија, само 3,3 проценти од испитаниците поднеле телефонски приговор поради некаков проблем со услугата, додека само 0,5 проценти поднеле писмен приговор за услугата фиксна телефонија.

[Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ-канали преку македонските оператори ќе биде прекинато. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал, едногла]

За услугата телевизија телефонски приговори од една четвртина од корисниците

Кај услугата телевизија, 45,6 проценти користат кабловски приклучок во своето домаќинство, додека IPTV користат 34,2 проценти од домаќинствата. Од испитаниците кои не се претплатени кај ниеден оператор, само 5,6 проценти планираат да се претплатат на некој телевизиски оператор во наредните 12 месеци. Во последните 12 месеци не се соочиле со никаков проблем 35,4 проценти од испитаниците кои се корисници на телевизиски приклучок, додека кај оние испитаници кои имале некаков проблем во последните 12 месеци со гледањето телевизија, проблемот најчесто бил: замрзнување /кочење на сликата (24,8 проценти) и прекини во приемот (23 проценти).

Приближно една четвртина или 23,8 проценти од испитаниците поднеле телефонски приговор за услугата телевизија до својот оператор од каде ја користат услугата, при што целосно задоволни од одговорот кој го добиле од операторот се 35,1 процент. Писмен приговор со операторот поденеле само 1,1 процент од корисниците на услугата за телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

На 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика.

„Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат

„Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски.

Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров.

„Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски.

Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун

Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. 

Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун

Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани.

Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење.

-Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија

-Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција

На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

-Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил.

-Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар

Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер