Најмоќниот хиперспортски автомобил доби наследник, McLaren W1 и е веќе распродаден (ВИДЕО) - Канал 5

Најмоќниот хиперспортски автомобил доби наследник, McLaren W1 и е веќе распродаден (ВИДЕО)

Ова е трети хиперспортски модел на компанијата и воедно најмоќниот патен Мекларен во историјата.

Најмоќниот хиперспортски автомобил доби наследник, McLaren W1 и е веќе распродаден (ВИДЕО)

Мекларен Ф1 остави неизбришлива трага во историјата и многу е веројатно дека ниту еден автомобил никогаш нема да може да го наследи. Барем додека Енди Мареј не се вклучи во приказната. Во меѓувреме, McLaren го претстави P1. Сега пристигна W1.

Уште на почетокот конкретни податоци. W1 е хибрид, придвижуван од 4.0 V8 твинтурбо мотор и електричен мотор. Ефектот на синергија е дури 1275 КС и 1340 Nm. Тежи само 1399 кг, што нè носи до специфична маса од 899 КС/1000 кг, но и фактот дека послабиот P1 е само маргинално полесен. Бензинскиот мотор произведува 929 КС, а остатокот од 346 КС го нуди електричната енергија.

Поради заштедата на тежина, погонот е исклучиво на задните тркала, а капацитетот на батеријата е 1.384 kWh. Ќе вози само 2,6 километри на струја, што овде не е важно.

Важно е електричната енергија да ги намали емисиите и да обезбеди дополнителна енергија во моменти кога е навистина потребна.

Она што може да го направи овој болид ќе биде тешко да се опише додека некој од надлежните не го тестира болидот на патеката. Сепак, треба да се има предвид дека 100 km/h достигнува за 2,7 секунди, 200 km/h за 5,8 секунди и 300 km/h за само 12,8 секунди. Овој автомобил е побрз од тркачкиот на Сена, а на патеката Нардо стекна предност од цели 3 секунди. Во исто време, максималната брзина е ограничена на 350 km/h.

Нема потреба да се трошат зборови за дизајнот. Мекларен создаде препознатлив автомобил и го опреми со активни системи за корекција на аеродинамиката. Покрај бројните отвори и спојлери, има и подвижни делови кои ќе го приспособат W1 на условите за возење на патеката, односно патот. Добро е да се знае дека се достапни до 1000 kg надолна сила.

Кога станува збор за кабината, вреди да се напомене дека ја нема толку споменатата конфигурација со три седишта. Доминира спортската елеганција, а во склад со времето се дигиталниот кокпит и инфозабавата со централен екран. Еден детаљ што го привлекува вниманието се заштитниците за сонце направени од карбон. Тие се со дебелина од само 2,5 мм, а нивната маса е занемарлива.

Не само што е позната цената, туку се знае и дека целата серија од 399 примероци е веќе купена. Купувачите ќе платат минимум 1,9 милиони евра, а ќе добијат и четиригодишна гаранција без ограничување на километражата.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интереси

ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.

ЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интереси

Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.

Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите.

ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.

Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата.

Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок.

Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии.

Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите.

Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници.

Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии.

Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници.

Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава.

Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака.

Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости.

Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки.

Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ.

Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти.

На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации.

Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите.

За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава.

Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења.

Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер