Најмоќниот досега: „BMW CS M3 Touring“ - Канал 5

Најмоќниот досега: „BMW CS M3 Touring“

„BMW“ го претстави најмоќното издание на „M3 Touring – CS“.

Најмоќниот досега: „BMW CS M3 Touring“

Треба да се напомене дека со минатогодишното рестартирање, основната верзија на караванот беше понудена како„ M3 Touring Competition“ со 3,0-литарски линиски шестцилиндричен битурбо мотор, 530 коњски сили и „M xDrive“ погон на сите тркала.

Сега, благодарение на зголемувањето на максималниот притисок на турбополначот до 2,1 бари и изменетата електроника на моторот, „M3 CS Touring“ испорачува 550 КС при 6.250 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент остана непроменет – 650 Nm при 2.750–5.950 вртежи во минута, пренесува „Automotorevija“.

Покрај забрзувањето, подобрена е и максималната брзина на 300 km/h, што е за 20 km/h повеќе. Намалувањето на тежината е постигнато благодарение на употребата на полимер засилен со јаглеродни влакна, кој се користи за изработка на хаубата на моторот, преден сплитер, отвори за воздух, куќишта на надворешните ретровизори и заден дифузор.

Внатрешноста, во која доминира комбинацијата на црно и црвено, има специјално дизајнирани карбонски седишта, додека лопатките за менување брзини на воланот и новата централна конзола се исто така направени од карбон, што дополнително ја намалува тежината. Така, „CS“ е полесен за 15 килограми од стандардниот модел, но сепак тежи значителни 1.920 килограми со возачот и течностите.

За вниманието на „BMW“ кон деталите говори фактот што се инсталирани адаптивни амортизери, модифициран е системот за управување, а сопирачките се подобрени, додека електронската контрола на стабилноста е дополнително дотерана.

Покрај елементите од јаглеродни влакна, „CS Touring“ е препознатлив и по спојлерот на покривот со црвени детали и жолти LED дневни светла. А кога станува збор за боите, за оваа верзија се достапни „British Racing Green“, „Laguna Seca Blue“, „Frozen Solid White“ и „Sapphire Black“.

Овој модел доаѓа стандардно со 19-инчни тркала напред и 20-инчни тркала назад, кои доаѓаат во златна бронза или мат црна боја.

Во продажба треба да се појави во март, а допрва треба да дознаеме колку ќе чини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер