Најмногу освоени медали во историјата на македонската Специјална олимпијада - Канал 5

Најмногу освоени медали во историјата на македонската Специјална олимпијада

Најголема делегација и најмногу освоени медали во историјата досега...

Најмногу освоени медали во историјата на македонската Специјална олимпијада
За успесите на членовите на Специјалната олимпијада на најголемиот глобален спортски и хуманитарен настан кој се одржа летово во Соединетите Американски Држави, повеќе од Ивана Стојкова.

Што ги мотивира овие спортисти да дадат се од себе - погледнете во видеото.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа ги соопшти новите министри во рамки на владината реконструкција.

Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа

По седницата на Извршниот комитет, тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со министерството за социјална политика, кое ќе го предводи досегашниот заменик министер Ѓоко Велковски.. За министер за здравство, кое исто така го презема неговата партија, е именуван Сашко Клековски, досегашен директор на ФЗОМ.

Од ВРЕДИ нови министри ќе бидат поставени во министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие.

Освен кадровските решенија, Мицкоски објави и дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Познати три осминафинални довојки, кој ќе им се придружи?

23 Светското фудбалско  првенство влегува во својата најинтересна фаза, веќе третиот ден се играат мечеви од премиерната нокаут фазата, утринава ги добивме новите три селекции патници во  осминафиналето.

СП2026: Познати три осминафинални довојки, кој ќе им се придружи?

Норвешка, Франција и Мексико им се придружија во осминафиналето на веќе пласираните Канада, Бразил, Парагвај и Мароко,

Во нокаут шеснаесетинафиналето Норвешка го победи тимот на Брегот на Слоновата Коска со 2:1 и во осминафиналето ја очекува големиот фаворит, Бразил.

Француската репрезентација лесно ја победи Шведска со 3:0, и најави меч против Парагвај во борбата за четвртфиналето.

Третиот пар од осминафиналето го сочинуваат Канада и Мароко, додека Мексико го чека подобриот од натпреварот помеѓу Англија и ДР Конго.

Останатите натпревари од 1/16 финалето се: САД - БиХ, Белгија - Сенегал, Аргентина - Зелено'ртски Острови, Австралија - Египет, Швајцарија - Алжир и Колумбија - Гана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне локална нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне локална нестабилност

Според УХМР попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер