Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка - Канал 5

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Утринава најниска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка.

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Скопје – Петровец и Демир Капија. Највисока снежна покривка од 69 сантиметри утрово во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка.

Утринава најниска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, 2 во Mаврови Анови, 3 во Kрушево, Радовиш Пожар и Лазарополе, 4 во Штип, Охрид и Крива Паланка, 5 во Виница и Ѓуриште, 6 во Струмица, Берово, Претор, Тополчани и Пожаране, 7 во Тетово, Битола и Прилеп, 8 во Куманово, Кавадарци и Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, 10 Велес и Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени.

Според најавите од Управата з ахидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното

Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен.

Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното

Добар ден и од мене.

Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен.

Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина.

Да се заблагодарам на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, на советниците во Советот што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, сите оние коишто се вклучени во овие проекти, на колегите од Владата, министерот за спорт.

Навистина овој инвестициски бран има за цел да го видоизмени ликот, би рекол, на многу градови, многу населени места во државата и јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари, истакна премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!

Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.

Град Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!

Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема.

Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град!

По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен.

Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот.

И ова е само почеток!

Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани.

Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град.

Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано!

https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие 

ЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер