Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка - Канал 5

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка

Во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка

Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 - Демир Капија, 14 - Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 - Битола, Велес, 12 - Пожар-Радовиш, 11 - Тополчани, 10 - Скопје-Петровец, 9 - Прилеп, Штип, 6 - Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 - Претор, Струмица, Куманово, 3 - Виница, 2 - Крива Паланка, покажуваат податоците на УХМР.

- Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат оттаму.

Дожд се очекува и во текот на денешниот ден, проследен со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура, според најавата, ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

„Само Интервју“ со Максим Димитриевски

Дами и господа вечерва, во Само Интервју, ќе гостува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

„Само Интервју“ со Максим Димитриевски

Превирањата во вреди, чистење на теренот или намалување на владејачкото конто, може ли Таравари да стане главоболка на власта?

Политички ПР или владина реконструкција, што по изборите?

Ги демантираше написите дека ќе биде министер, има ли Димитриевски амбиции за трет мандат во Куманово ? Кој со кого ќе си прости, а кој ќе биде непријатно изненаден од гласачите на локалните?

Требаше ли и останатите партии од владејачката коалиција да бидат дел од лидеската во скратен состав?

Амнестија за криминалот или европска реформа, до каде е новото законско решение за контроверзниот КЗ?

Ќе дочекаат ли уставните измени набрзо подобри времиња, како да се дојде до национален консензус за државните интереси?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Максим Димитриевски.

Три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете според еден терапевт

Воспитувањето не престанува кога децата ќе наполнат 18 години. 

Три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете според еден терапевт

Емоционалните и финансиските потреби честопати стануваат понапорни во зрелата возраст. Ако возрасното дете постојано очекува помош, но ретко покажува благодарност, можеби е време да ја препознае непријатната вистина - можно е да покажува знаци дека е разгалено, вели психологот и терапевт Џефри Бернштајн. Тој издвојува уште неколку знаци кои укажуваат на разгалено возрасно дете.

1. Очекуваат помош, но не ја ценат

Кога возрасното дете ја гледа родителската помош како право, а не како подарок, тоа може да укажува на чувство дека сè му припаѓа нему. „Ако нема благодарност и ако често ви предизвикува чувство на вина кога ќе одбиете да му помогнете, на родителот може да припадне улогата „банкомат“.

2. Очекуваат да ги решите нивните проблеми

Некои возрасни деца не преземаат одговорност за последиците од сопствените одлуки, туку очекуваат нивните родители да го преземат товарот. Психологот посочува: "Тие одбиваат да работат, не учествуваат во домашните обврски и избегнуваат планови за во иднина, потпирајќи се на родителската поддршка како на нешто што се подразбира. Важно е да се постават граници и да ги поттикнете сами да размислуваат за следните чекори".

3. Ви предизвикуваат чувство на вина кога поставувате граници

„Кога возрасно дете реагира со манипулација, емоционална уцена или гнев затоа што не му угодувате, ова е форма на разгалено однесување. Родителите тогаш често се чувствуваат растргнати помеѓу желбата за мир и потребата да ги заштитат сопствените граници", вели Бернштајн. Важно е да останете доследни и љубезни, и да им ставите до знаење дека поставувањето граници е дел од здравиот однос, а не отфрлање.

„Не е себично да барате поголема рамнотежа и почит во односот со возрасните деца. Ова покажува самопочит, одговорност и зрелост. Иако чувството дека сè им припаѓа можеби се развило со текот на времето, никогаш не е доцна да го вратите мирот во односот - и да ги охрабрите децата да станат возрасни какви што можат да бидат“, заклучува психологот.

Сериозно предупредување на д-р Дејан Чубрило

 „Гледам жени по автобус, со шишенце со вода, џабе го правите тоа, ова е клучно за здравјето“! Сланина и јајца никако!

Сериозно предупредување на д-р Дејан Чубрило

Угледниот професор разби некои од најраспространетите митови за здравјето, па проговори и на темата која најмногу ги интересира жените – целулитот.

Проф. д-р Дејан Чубрило е угледен професор по медицинска физиологија. Во една прилика, тој имаше свое излагање во врска со функционирањето на нашиот организам, кое е спротивно од популарните митови кои циркулираат во секојдневниот социјален живот.

Според д-р Чубрило, веќе од 30-тата година сите мора да ги променат навиките во исхраната, односно начинот на кој ја комбинираат храната.

-Некој не може да вари протеини, риба и месо, но во денешно време постојат толку многу диети кои ги применуваат познатите жени велејќи дека секој ден јадат риба, месо и салати. Но, ако немаме ензими за тоа, а тоа лесно се проверува, тогаш е залудно... Треба сами да си ги откриеме слабите точки. Дали е тоа желудникот, панкреасот, дебелото црево... Ако немате доволно ензими таму, не можете да јадете одредена храна – вели д-р Чубрило.

Интересно е што овој доктор нагласува дека умрениот стрес е прифатлив.

-Умрениот стрес е корисен, да се разбудите малку, да се раздрмате, да се поттикнете во животот! Тој што спие 10 часа и ништо не го интересира, брзо го навасуваат болести, а кој е активен и постојано има нови цели, е многу поздрав. Ако имате стресни ситуации час-два, а потоа уживате, тоа е во ред. Но, ако тоа трае со часови, тогаш е друга приказна – истакнува овој познат стручњак.

Еве што вели за слабите жени со многу целулит.

- Еве еден парадокс... Во ординација ми дојде слаба жена, дури со мала килажа за својата висина, но ми вели: „Докторе, срам ми е да ви кажам колку целулит имам...“ Тоа зависи од тој фамозен состав на протеини и аминокиселини во клетките. Тие се како сад, како едно шише во кое ќе ставите сунѓер, кој во случајов е тој протеин во клетките, и нема кој да ја привлече водата во шишето и вие сте дехидрирани... Кога мускулот не може да порасне, може да вежбате до задутре, но ништо нема да се случи бидејќи протеинот не бил внесен во системот. Поентата е, она што сте го изеле, не можете да го искористите. На пример, има луѓе кои јадат 10 јајца дневно, што е страшно... Тоа е погубно и во ковидот се покажа дека оние со голема мускулна маса најмногу му подлегнаа на ковидот. Не ви треба мускул со огромна маса, туку јак мускул, издржлив – нагласи докторот во една прилика.

Честопати се препорачува да се пие 2-3 литра вода дневно.

-Тоа е едноставно, неверојатно... Гледам жени во автобус, сите носат шишенца со вода. Зошто носите шишенца и се налевате со вода? – праша докторот.

Потоа откри што се случува со водата во телото.

- Ако клетките немаат можност да ја примат таа вода, тогаш таа стои околу клетката и дел од неа се исфрла преку урината, а дел останува околу клетката – појаснува овој стручњак.

Што е со нас кои никогаш не сме жедни?

-Тоа значи дека сме добро хидрирани и дека клетките го добиле потребното. Ако урината е светла, нема потреба да пиете вода. Следете го своето чувство за жед, тоа е знак дека сме дехидрирани. А, ако урината ви е темножолта, веднаш напијте се две чаши млада вода, и тоа од чешма. Кој сака, може да ја преврие, или може да ја филтрира и да ја остави еден час на собна температура – истакнува докторот.

Кога станува збор за оброците, д-р Чубрило не разбира зошто луѓето се прејадуваат за ручек, па јадат пита и две-три парчиња месо, па две-три салати...

- Доволно е да изедете едно парче месо и една салата. Јас сум сега најмногу за туршија, обарено цвекло, кисели краставици, ферментирано, не сфаќам кога покрај тоа ќе се најадат и зелена салата, бидејќи и таа тешко се вари – вели докторот.

Д-р Чубрило открива што попрво би избрал како најдобар оброк за вечера.

- Ќе се напијам чаша вино и ќе земам неколку бадеми и тоа е тоа. А, кога сум навистина гладен, јадам малку колку да се заситам. Навечер не ви треба ни риба, ни месо, подобро е да земете крем супа со зеленчук, или супа што ви останала од ручекот. За појадок се доволни само 4 супени лажици овесна каша. Не сфаќам зошто прават по литар шејк, па го пијат, тоа е сериозна болест! Наутро изедете едно до две јајца, а не 4-5. Ако сте многу гладни, подоцна јадете повторно по малку, но не сè одеднаш... Јајца со сланина, никако! Маст до протеин не се комбинира – заклучува проф. д-р Чубрило.

притисни ентер