Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
2Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
ЗабаваНајмладата милијардерка се појави во претесен фустан, сите ѝ се смеат (ФОТО)Ја сакале или не, едно е неспорно - најмладата сестра од кланот Кардашијан/Џенер знае како да привлече внимание.Таа не е секогаш совршено облечена, но на свечените настани знае да се издвои од толпата и секогаш остава впечаток. Кајли Џенер неодамна се појави на ревијата на Скиапарели на модната недела во Париз и ги остави сите без здив. Атрактивната 26-годишна девојка на овој моден спектакл пристигна во неверојатна креација која на најдобар начин ги истакна нејзините облини и убавата фигура. Кајли Џенер избра исклучително гламурозен тоалет со потписот на модната куќа Скиапарели, а се работи за неверојатно тесен модел кој го оцртува секој сантиметар од нејзиното тело и ги истакнува тесниот струк и бујните колкови. Овој фустан во прекрасна шампањ боја ја следи линијата на телото сè до колената, а оттаму почнува заводливо да паѓа и да трепери додека се движи, а целосно е покриен со светки. Креацијата ја краси и длабоко деколте, а на моменти се чинеше дека Кајли едвај дише во овој тесен фустан. Изданието го комплетираше со скапи обетки, а посебен впечаток остави нејзината долга, бујна коса. Сепак, еден необичен детаљ падна во очи – ријалити ѕвездата носи малку „морничави“ чевли, исто така со потпис на споменатиот бренд, кои верно го имитираат човечкото стапало, но имаат еден бонус – висока потпетица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинкиВо среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. овесни снегулки 3 - 4 јајца 2 банани 150 гр. грчки јогурт 300 гр. боровинки свежи или смрзнати 1 лажиче екстракт од ванила 1 ќесичка прашок за печиво Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ФудбалХаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, не се смирува ниту еден ден откако капитенот на репрезентацијата излезе со остра изјава.Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жезус во два наврати го прекршил договорот, а особено го погодило тоа што селекторот за време на прес-конференцијата не спомнал ниту една од осумте точки од документот што, според Роналдо, тој лично ги одобрил. Португалските медиуми пренесоа дека Роналдо ја следел прес-конференцијата на Жезус и очекувал тренерот јавно да се извини. Бидејќи тоа не се случило, уследила одлуката да го напушти репрезентативниот камп. Поради сето ова, се очекуваше реакција од Жорж Жезус, кој е познат по својот темпераментен карактер и бројните конфликти со играчите и раководството на клубовите во текот на кариерата. Сепак, искусниот стручњак овојпат не се впушти во полемика. „Бев во Леирија и го гледав натпреварот на португалската репрезентација до 21 година. Сега ќе го прочитам соопштението. Немам што да кажам“, кратко изјави Жезус. Инаку, конфликтот започна по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка. Според претходниот договор меѓу селекторите и Роналдо, капитенот на репрезентацијата требаше да има внимателно дозирана минутажа за време на овој репрезентативен собир. Првичниот план бил Роналдо да не игра против Норвешка, со оглед на тоа што само неколку дена претходно одигра 67 минути против Велс. Сепак, Жезус процени дека напаѓачот на Ал Наср е доволно подготвен повторно да настапи. Роналдо беше испратен на загревање, но на крајот не влезе во игра. Токму тој момент беше вовед во нова тензија, која потоа кулминираше со неговото напуштање на репрезентативниот камп. По јавното истапување на Роналдо, Жезус одлучи дополнително да не ја поттикнува полемиката. Неговата кратка реакција, со оглед на темпераментот што го следеше низ целата тренерска кариера, дополнително го привлече вниманието на португалската јавност.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијаниеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази. Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter