СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
ЖивотНајмладата манекенка на светот - има само 9 години, треба ли да има детство?Кристина Пименова е на модните писти од својата три годишна возраст. Девојчето има 2 милиони фанови на фејсбук!Кристина е родена во Москва на 27 декември пред само 9 години. Првите години од својот живот ги поминала во Париз со својот татко фудбалер, Руслан Пименов, со нејзината мајка манекенка Гликерија Широкова и 14 годишната сестра Наталија. Кристина ја красела насловната на „Vogue Bambini“, носела модели на Роберто Кавали, Армани, Бенетон и други познати брендови. На критиките на многумина дека девојчето е фотографирано и во провокативни пози, нејзината мајка вели: Тоа може да го помислат само луѓе во земји каде што има хомосексуални бракови! - Секој кој мисли дека фотографии на 9 годишно дете се секси, мора да е педофил - вели Гликерија. - Не ги прифаќам обвинувањата за сексуализирање на моето дете. Убедена сум дека фотографиите се апсолутно чисти. Никогашне сум ја убедувала да направи некаква поза, а таа и не сака да ја сликам, па тоа го правам скришно, да не ме забележи. Ако гледате нешто сексуално во тие слики мора да сте педофил и треба да побарате лекарска помош - изјави мајка и на Кристина за Дејли меил неодамна, соочена со критики дека става провокативни фотографии од своето дете на социјалните мрежи. Гликерија Широкова вели дека првите три години додека живееле во Париз Кристина добивала огромно внимание за нејзината убавина, од речиси сите кои ќе ја видат. Кога се вратиле во Русија доживеале шок - девојчето им се насмевнувало на сите но никој не ја погледнувал! Потоа нејзината мајка ги презела работите во свои раце - пронашла агенција за детски модели, и „кариерата“ на Кристина тргнала по нагорна линија. - Жал ми е кога читам коментари и заклучоци од луѓе кои не не познаваат, никогаш не не запознале, но си даваат за право да не судат мене и мојата ќерка, да велат дека таа нема детство а нејзината глупава мајка прави пари. Ние имаме доволно пари, Кристина има среќно детство, а јас имам универзитетска диплома, значи обвинувањата не држат - вели Гликерија. - Обвинувањата дека фотографиите на Кристина се провокативни дојдоа од земјите од западот каде се дозволени хомосексуални бракови и каде покажувањето на хомосексуалност пред деца се смета за соодветно, а обични детски фотографии се напаѓани - вели таа. Кристина има 4 до 6 фото сесии во текот на еден месец и 6 дена во неделата вежба гимнастика и до 4 часа дневно. / извор: inquisitr.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗапочна вториот ден од конститутивната седница на српското собраниеЗапочна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија. Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ. Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter