Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
2Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
МакедонијаНајмасовно и годинава во Охрид – светиот крст втора година по ред во рацете на Мартин Гоџо од Варош Мартин Гоџо од Варош втора година по ред, беше најсреќниот од стотината верници кои утринава влегоа во осветени води на Охридското езеро.Мартин Гоџо од Варош втора година по ред, беше најсреќниот од стотината верници кои утринава влегоа во осветени води на Охридското езеро.. Тој по трет пат успеа да го фати чесниот крст кој годинава првпат го положи новиот митрополт Дебарско-кичевски, владиката Георгиј. За многу години Богојавление..Бог се јави! Меѓу првите кои му честитаа на Гоџо, беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која потоа се упати и на церемонијата во Струга. Таму годинава светиот крст од водите на реката Дрим го извади 24 годишниот Петар Чокаревски. Претседателката Сиљановска-Давкова го честиташе празникот со желби за мир, сплотеност и емпатија. -Ова е нешто што не прави посилни, не прави подобри луѓе, не прави подобри верници. Бидејки ова е моментот кога Бог се јавил и тоа во сите свои три лика,- Гордана Сиљановска-Давкова – претседателка на Македонија. Светиот крст беше спуштен во водите на повеќе места низ државата.. По фаќањето на светиот крст во водите на Плетварското езеро во Прилеп, храбриот чин доби и посебно продолжение – момчето ја запроси својата девојка, претворајќи го празникот во незаборавен момент за нив. Мал инцидент пак се случи во Струмичкото село Сушица, каде крстот пропадна во калта, па верниците го бараа со лопати.. Со разлика од 10 часа во временската зона, први празникот го дочекаа македонската дијаспора од Сиднеј..Празникот го одбележа и македонската дијаспора од Германија во црката св.Димитрија во градот Ален. Честитки за Богојавление до верниците испратија и останатите политичари од државниот врв.. Прмеиерот Христијан Мицкоски кој замина на форумот во Давос, порача дека „овој голем ден нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе.“ Во име на Собранието и во свое лично име, Богојавление го честиташе и претседателот на Собранието, Африм Гаши... Честитка испрати и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој исто така присуствуваше на церемонијата во Охрид. Тагови: Водици охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook