Најмалото Волво забрзува до 100 км/час за само 3,6 секунди, цената е изненадување (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалото Волво забрзува до 100 км/час за само 3,6 секунди, цената е изненадување (ВИДЕО)

Иако е најбрзиот Volvo во гамата, EX30 е меѓу поевтините модели во сегментот.

Најмалото Волво забрзува до 100 км/час за само 3,6 секунди, цената е изненадување (ВИДЕО)

А сегментот за кој зборуваме се компактни теренци со електричен погон. EX30 започнува од 36.590 евра, што е повеќе од фер цена во однос на претходната понуда на шведскиот производител. Не е лошо да се нагласи дека е значително поевтин од поголемиот XC 40. Особено ако се земе предвид дека ова Volvo до 100 km/h достигнува за суперспортски 3,6 секунди!

EX30 е значително помал од до неодамна најмалиот XC40. Растојанието меѓу оските е намалено за десет сантиметри, а вкупната должина е само 4233 mm. Добрата вест е дека препознатливиот скандинавски изглед е задржан, особено однадвор, каде што EX30 презема сѐ што се гледа кај неговите поголеми браќа.

Без сомнение, со овој модел, Volvo се враќа на компактните модели, но на поиновативен начин од C30, можеби повеќе како 480. Она што некои не сакаат да го слушнат е дека основата не е оригинална и поврзана со Volvo. Доаѓа од Кина, а го користи и новиот Smart.

Секако, основната верзија го нема споменатото забрзување. Понудата започнува со 272 КС и 343 Nm, што е максимална моќност на електромоторот поставен одзади. Во таков случај за спринт до 100 km/h се доволни 5,7 секунди, а со Li-ion фосфатна батерија со капацитет од само 49 kWh (нето) надминува 344 km според WLTP. Компатибилен е со полначи со моќност до 134 kW.

Верзијата со продолжен опсег со батерија од 64 kWh (нето) го зголемува досегот на 480 km, моќта на полнење е исто така поголема (153 kW), а спринтот до 100 е скратен на 5,3 секунди. Сето ова има различна цена, поточно од 41.790 евра.

Конечно доаѓаме до Twin Motor Performance со дополнителен мотор и вкупно 428 КС и 543 Nm. Батеријата останува иста, па досегот е намален (460 km), а цената е значително повисока - 48.490 евра. Зборуваме за 3,6 секунди за забрзување од 100 km/h!

Друг интересен новитет е што Volvo ги нуди сите три конфигурации во комбинација со основниот пакет на опрема. Земете го терминот „основно“ со резерва, бидејќи овде навистина може многу да се добие. Доволно е да се каже дека автомобилот ќе се испорачува со 18-инчни алуминиумски тркала, сите можни системи за асистенција, но и додатоци како полнач од 11 kW, греење на седиштата и воланот и аудио систем Harmon Kardon. И да, 12,3-инчниот вертикално ориентиран дисплеј зазема централно место.

YouTube video

Во текот на следната година ќе пристигне дополнителна подобрена Cross Country верзија со подигнат под, поголеми тркала и offroad детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на правата

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на Форумот „EU Meets the Balkans 5.0“, што се одржа во Софија. 

Димитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на правата

На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик.

-Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам.

Во обраќањето, Димитровски ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел.

„Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски.

Тој нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти.

Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија.

Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата.

На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП

Силната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.

Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа.

Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата.

За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство.

Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во Европа

Стапките на вакцинација кај децата во Европа стагнираат или опаѓаат во последните години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година.

Научниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во Европа

Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини.

Вакцинацијата се смета за една од најефикасните мерки во јавното здравство. Сепак, научниците предупредуваат дека колебањето во врска со вакцините и сомнежите во рамките на Европската Унија придонеле за намалување на опфатот и за повторна појава на болести што можат да се спречат со вакцинација.

Стапките на вакцинација опаднале за сите седум анализирани вакцини во Бугарија, Кипар, Ирска, Холандија, Романија и Шведска. Германија и Шпанија забележале пад кај пет од седумте вакцини. Во Франција и Италија, стапките на вакцинација се зголемиле за четири вакцини, а опаднале за три.

Најниска стапка на вакцинација во Романија

Највисоки стапки на вакцинација се забележани во Луксембург и Португалија, каде што опфатот за сите седум анализирани вакцини достигнал најмалку 95 проценти. Најниска стапка е забележана во Романија, каде што таа паднала под 80 проценти.

Научниците истакнуваат дека падот на стапките на вакцинација започнал во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, што се совпаѓа со пандемијата на КОВИД-19 и периодот непосредно по неа. Како една од можните причини тие ги наведуваат прекините во рутинските програми за вакцинација на децата за време на пандемијата.

Тие предупредуваат дека намалувањето на опфатот со вакцинација го зголемува ризикот од слабеење и на колективната и на индивидуалната заштита од заразни болести. „Потребни се меѓународни, национални и локални мерки за да се променат овие трендови“, заклучија научниците.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер