Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
2Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветНајмалку тројца загинати во ерупција на вулкан во Индонезија: Ги игнорирале предупредувањата (ВИДЕО)Тројца планинари кои се искачуваа на планината Дуконо во Индонезија загинаа откако вулканот еруптираше утрово.Снимките и фотографиите од ерупцијата на островот Северни Молуки покажуваат дека вулканот исфрла столб од пепел што се протега до 10 километри. Трите жртви биле дел од група од 20 сингапурски и индонезиски државјани кои пешачеле и покрај забраните. Спасувачите на крајот ги лоцирале останатите од групата и ги евакуирале од планината. Вулканот еруптирал повеќе од 200 пати од март минатата година. Службите претходно издале предупредувања против искачување на планината од безбедносни причини. Последната ерупција се случила во 07:41 часот по локално време, токму кога имало повеќе луѓе на планината на нивните искачувања рано наутро. Игнорирањето на предупредувањето довело до трагедија Индонезиските власти потврдија дека двајца Сингапурци и еден локален жител од блискиот град Тернате загинале. Спасувачите на крајот ги пронашле останатите од нивната група, а повеќето биле безбедно симнати од планината и однесени во болница за лекување на повредите. Двајца членови на групата, кои работеле како носачи, останале на планината за да им помогнат на спасувачките екипи да ги лоцираат телата на загинатите. Еден од локалните жители што им помагал на спасувачите рекол дека планината Дуконо сè уште исфрлала вулкански материјал од кратерот во петокот попладне. Алди Салабија за BBC Индонезија изјавил дека се наоѓаат во локално засолниште на планината каде што подготвуваат операција за спасување. „Од засолништето можеме да видиме како постојано се излеваат пепел и камења“, рекол тој. Шефот на полицијата на Северен Халмахер, Ерлихсон Пасарибу, истакнал дека извлекувањето на телата, кои се наоѓаат на големи надморски височини, е отежнато од повторените ерупции, непристапниот терен и моќните експлозии од внатрешноста на вулканот. Покрај споменатата група од 20 лица, изјавите на очевидци укажуваат дека на планината имало и други планинари. Драматични сведоштва од кратерот Еден водич, кој бил на Дуконо со двајца клиенти во времето на ерупцијата, рекол дека верува оти високиот притисок во вулканот се зголемувал со денови. „Кога Дуконо не еруптира неколку дена, мора да бидете внимателни“, рече тој, опишувајќи ја ерупцијата како „огромна“ и „исклучително моќна“. Додека се искачувале, видел една група луѓе на самиот раб на кратерот, додека друга група, на само 50 метри од кратерот, снимала видеа со дрон. „Слушнав длабок потрес и веднаш решив да се спуштам со гостите. На крајот, тројцата останавме неповредени“, рече водичот. Додаде дека за време на спуштањето видел дека многу планинари се уште се на самиот врв. Опасни видеа на социјалните мрежи Индонезиските власти нагласуваат дека редовно издавале предупредувања против искачување на Дуконо преку социјалните мрежи и транспаренти на влезовите на патеките, но некои алпинисти едноставно ги игнорирале. Индонезиската агенција за пребарување и спасување Барсанас соопшти дека првичните истраги укажуваат на „можна небрежност од страна на туристичките агенции или поединци“ кои продолжиле да се искачуваат и покрај опасноста. Вулканот Дуконо моментално е на второ ниво од вкупно четири во системот за предупредување на Индонезија, што значи зголемена активност и потреба од претпазливост. Уште во декември 2024 година, агенцијата препорача туристите и алпинистите да се воздржат од какви било активности во радиус од четири километри околу главниот кратер поради ризик од исфрлање камења, пепел и лава. „Не можете да ги третирате активните вулкани како обични туристички дестинации“ Сепак, ова не ги одврати луѓето од искачување на планината висока 1335 метри. Д-р Дарјоно од Индонезиската асоцијација на експерти за катастрофи истакна дека овој инцидент „уште еднаш покажа дека активните вулкани никогаш не треба да се третираат како обични туристички дестинации“. „Дуконо е планина со речиси постојани ерупции, па секое кршење на опасната зона носи фатален ризик“, изјави тој за Би-Би-Си. Тој, исто така, предупреди за влијанието на социјалните мрежи: „Јавноста често гледа видеа од планинари или инфлуенсери кои успешно се искачуваат и се враќаат живи. Ваквата содржина полека создава искривена перцепција за ризик. Луѓето ги гледаат само оние кои успеале да се спуштат и објавуваат драматични видеа, додека вистинските закани стануваат невидливи. Опасноста е реална и може да се појави во секој момент.“Тагови: вулкан индонезија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter