3Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
1Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
СветНајмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут Најмалку шест лица загинаа, а 24 се повредени рано утринава во изралски напади врз центарот и јужните предградија на Бејрут.Како што соопшти либанското Министерство за здравство, силна експлозија е регистрирана во областа Башура, која беше цел на израелски напад и минатата недела. Претходно израелските власти предупредија за нападот. Цел на нападите биле и објекти во населбата Зокак ал-Блат во центарот на Бејрут, каде и минатата седмица израелската армија ракетираше филијали на финансиската компанија Ал-Кард ал-Хасан, поврзана со Хезболах. Друг напад е извршен врз централната област Баста, а сведоци укажуваат на серија детонации. Сите ракетирани и бомбардирани објекти утрово се наоѓаат во непосредна близина на владини згради, а најмногу напади се изврпени во близина на Министерството за финансии и седиштето на претседателот на Владата на Либан. Денешните изралески напади се случуваат откако претходно во текот на ноќта припадници на Хезболах лансираат десетици ракети кон северниот дел на Израел. 🚨A multi-story building in central Beirut completely collapsed after an Israeli airstrike The building in the Al-Bashura area, judging by the footage, disappeared within seconds. Media reports say residents received a warning from the IDF before the strike. The attack is part… pic.twitter.com/ZHVZelnHAN — NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2026 Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВо недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори. Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството. И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот. Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови. Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства. Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМеланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот ОлешкиБелата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа. Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври. Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон. Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот. Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна. Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.Тагови: Меланија Трамп русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook