Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите - Канал 5

Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите

Англија обезбеди дополнително место во фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2025/26.

Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите

Според досегашниот формат на турнирот, двете лиги со највисок пласман на крајот од сезоната добиваат едно дополнително место во следната конкуренција.

Победата на Арсенал од 3:0 над Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето го обезбеди пласманот на Англија на едно од првите две места.

Истовремено, може да се зголеми бројот на англиските тимови во Лигата на шампионите - доколку Тотенхем или Манчестер јунајтед ја освојат Лигата на Европа, автоматски ќе добијат и билет за Лигата на шампионите.

Исто така, дополнително место може да се добие доколку Арсенал или Астон Вила станат победници во Лигата на шампионите, но не влезат во топ 5 во Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година.

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот.

Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации.

Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата

ИЈЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја.

Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји.

Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка.

Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер