Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

Бајден по победата на Трамп: Ќе ја насочам целата моја администрација да работи со неговиот тим

Џо Бајден моментално зборува од градината на розите во Белата куќа.

Тој вели дека им честитал на Доналд Трамп и на Републиканската партија за победата на изборите и рече дека е важно сега да има мирен трансфер на власта.

„Повеќе од 200 години, Америка го спроведува најголемото експериментално самоуправување во историјата на светот“, вели тој.

„Вчера разговарав со новоизбраниот претседател Трамп за да му честитам за победата и го уверив дека ќе ја насочам целата моја администрација да работи со неговиот тим за да обезбеди мирна и уредна транзиција.

„Тоа е она што американскиот народ го заслужува.“

Џо Бајден одржува говор по изборната победа на Доналд Трамп.

Претседателот на САД веќе даде писмена изјава, но ова е првпат тој лично да се обрати по изборите.

Во таа изјава, тој ја опиша Камала Харис како „огромна партнерка“ и личност на која „длабоко ѝ се восхитува“.

Шолц по распадот на Владата, се состана со опозициските демохристијани

Германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Фридрих Мерц, кој се надева дека ќе стане нов шеф на владата, денеска зборувале околу половина час, по распадот на левичарската коалиција еден ден претходно.

Разговорите меѓу двајцата политичари почнаа околу 1 и пол, а Мерц по нешто повеќе од половина час ја напушти премиерската резиденција. Засега ништо не е објавено за содржината на разговорот меѓу Шолц и Мерц.

Мерц го повикува Шолц што поскоро да распише нови избори, а лидерот на ЦДУ ја сака втората половина на јануари како можен датум.

Канцеларот вчера најави дека сака гласање за доверба на неговата влада во јануари, но пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во долниот дом на парламентот, Бундестагот, бара канцеларот веднаш, најдоцна до почетокот на следната година, да свика гласање за доверба.

Шолц предвиде гласање за доверба на 15 јануари, додека предвремените избори ќе се одржат на крајот на март.

Мерц истакнува дека нема причина да се чека до јануари за гласање за доверба. Тој попладнево се среќава со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во неговата берлинска резиденција, палатата Белви, за да разговара за патот напред. Тространата германска коалиција „семафор“ се распадна вчера вечерта по разрешувањето на министерот за финансии и лидер на либералите, Кристијан Линднер, кој ќе биде заменет со еден од блиските советници на Олаф Шолц, Јоерг Кукиес, 56-годишен експерт за економски прашања.

По распадот на коалицијата, Штајнмаер официјално разреши тројца од четворицата министри на либералите (ФДП) во кабинетот на Шолц. Единствениот политичар од ФДП кој останува во владата е министерот за транспорт Фолкер Висинг, кој ја напушти партијата и сега ја извршува функцијата министер за правда. Образованието го презема министерот за земјоделство Џем Оздемир.

Колапсот на владата доаѓа во најлош можен момент за Германија, која се бори со сериозна индустриска криза, но и за Европа, која е загрижена за последиците по нејзината трговија и безбедност по изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД.

Новак Ѓоковиќ доби споменик во Србија- во рацете држи рекет и крст (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ доби свој споменик, откако скулпторот од Кикинда, Борис Стапарац, заврши скулптура посветена на славниот спортист.

Оваа монументална скулптура висока околу два и пол метри е изработена од моделиран бетон, а Борис работел на неа околу една година. На споменикот Ѓоковиќ е со рекет и крст во рацете, додека погледот е насочен кон небото, објави РТВ.

Делото ја симболизира вербата, непокорот и љубовта кон клучните животни вредности. На едната страна Новак е прикажан со склопени три прста, додека на другата држи рекет со крст во него.

- Не само што дише споменикот, туку се чувствува и големата љубов кон Новак, кој нè претставува во светот какви што сме - побожни, полни со енергија, мирни, со воинствени чувства внатре, бидејќи тоа е единствениот начин да надминеме нешто невозможно - вели скулпторот Борис Стапарач за РТВ Војводина.

Идејата за создавање на споменикот произлезе од желбата да се истакне неговиот огромен придонес за нашата нација.

- Веќе го знам местото каде што треба да се постави, бидејќи сите сме поврзани со некои небесни сили, дека некој ќе дојде по тоа. Ако остане кај мене, моја желба е еден ден мојот двор да стане музеј на скулптури, па и тој да има место таму. На крајот на краиштата, зошто и Србите да не го имаат Роден? – додава Стапарач.

притисни ентер