Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
2Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
БалканНајмалку еден загинат во судар на автобус на ЈСП и камион во Белград, 14 повредени Лекарите во Белград се борат за животот на двајца патници кои се здобија со страшни повреди во сообраќајната несреќа меѓу автобус и камион на патот од Белград кон Обреновац.Како што дознаваме, во Ургентниот центар се пренесени 14 повредени, од кои тројца со тешки телесни повреди. Новинарите и фоторепортерите на Телеграф од терен јавуваат дека сцените се драматични, дека парчиња се насекаде, а камионот со својата приколка удрил во автобус на ГСП број 551. -Верувајте ми, само за момент видов пречка, камион пред мене паркиран на сред пат. Еден момент, не можев да реагирам. Не знам што се случи, само видов камион пред мене - рече возачот на автобусот 511 за Република, обидувајќи се да не погледне во правец на автобусот, во кој се гледа безживотно тело на патник. . Покрај него исказ дал и камионџијата. "Автобусот удри во камионот одзади. Страшно. Бев во камионот, погледнав, видов дека ќе удри во мене. Не знам како не виде", рекол видно вознемирениот возач за Република, по што се упатил да им помогне на повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаФилипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелацијаНа брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче. Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани. -Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче. Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието. СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции. Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме., рече Филипче. Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, додаде Филипче. Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога. -Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење. Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието. -Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПотврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаПотврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство.„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“, се вели во соопштението од министерството. Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е центарот за јавно здравје-скопје да спроведе дополнителна терестична адултицидна дезинсекција во населбата драчево... Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со годиниВенко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани медиуми, еве неколку примери: 2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил. Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење. И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт. Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Почитувани граѓани, Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност. Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција. Линк од видео материјал: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook