Најмалку еден загинат и 23 повредени во синоќешните руски напади врз Киев и Харков - Канал 5

Најмалку еден загинат и 23 повредени во синоќешните руски напади врз Киев и Харков

Жена загина во рускиот напад во текот на ноќта врз фабрика за кондиторски производи во округот Холосиевски во Киев. 

Најмалку еден загинат и 23 повредени во синоќешните руски напади врз Киев и Харков

Најмалку едно лице загина, а 23 се повредени во синоќешните руски воздушни напади врз Киев и Харков, додека руски, украински и американски претставници денеска ги продолжија преговорите во Абу Даби за условите за завршување на речиси четиригодишната војна на Москва во Украина, објавија светските агенции.

Една жена загина, а четири други лица се повредени во руските напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, изјави шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.

Жена загина во рускиот напад во текот на ноќта врз фабрика за кондиторски производи во округот Холосиевски во Киев. Оштетена е и приватна станбена зграда“, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина на својата Фејсбук платформа, како што цитираше Укринформ.

Во округот Днепровски во Киев, пожарникарите изгаснаа пожар на јавен паркинг. На други места, се запали цистерна со бензин, при што истече гориво. Пожарот е локализиран, но најмалку едно лице е повредено.

Во округот Дарницки во украинскиот главен град, ненаселена повеќекатна станбена зграда беше оштетена и запалена за време на масовниот руски напад. Пожарот е изгаснат. Во округот Соломенски во Киев, оштетена е деловна зграда.

Киевската полиција додаде дека голем број станбени згради, возила, простории на библиотека, трговски центар, гаражни задруги, ограда на надземниот дел од Зелената линија на метрото и неколку производствени капацитети на фабрика за кондиторски производи се оштетени како резултат на руските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство.

Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, македонската дипломатска мрежа повторно се собира на едно место за директна, суштинска и стратешка координација.

„Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува“, истакна Муцунски.

Во фокусот на Советот ќе бидат европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.

Во рамките на Советот, дипломатите ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието.

„Кога станува збор за нашите стратешки интереси, потребни ни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап. Во време на длабоки геополитички промени, дипломатијата не смее да биде пасивна. Потребна ни е дипломатија која предвидува, реагира навремено, гради партнерства и одлучно ги штити националните интереси“, нагласи Муцунски.

Тој посочи дека европската интеграција останува еден од централните стратешки приоритети, а дипломатската мрежа има задача јасно и аргументирано да ги претставува позициите и реформските резултати пред европските партнери и да се залага за фер и предвидлив европски процес, заснован на резултати, европски вредности и взаемна почит.

Посебен акцент на годинашниот Совет ќе биде ставен на економската дипломатија.

„Мојата порака до нашите амбасадори е едноставна: секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава. Повеќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти и нови пазари за македонските компании мора да станат мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности“, порача министерот.

Значаен дел од Советот ќе биде посветен и на модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората.

„Дипломатијата има смисла само ако создава конкретна вредност за државата и за луѓето на кои им служи. Нашата цел е македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна“, истакна Муцунски.

Советот ќе биде и можност директно да се слушнат амбасадорите и генералните конзули за предизвиците со кои се соочуваат на терен, како и за потребните чекори дипломатската мрежа да стане поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена.

„Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. Во четврток и петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати“, порача Муцунски.

Тој нагласи дека силната дипломатија не се мери само според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи, туку според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за државата и за граѓаните.

„Градиме модерна и активна, професионална и самоуверена, стратешки координирана дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина“, заклучи Муцунски.

Министерот најави и дека утре во официјална посета на државата ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет. Во фокусот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма околу „Лејкерс“: Џини Бас ги тужи своите браќа и сестри поради продажба на удели

 Џини Бас, сопственичката и раководител на „Лос Анџелес Лејкерс“, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер.

Драма околу „Лејкерс“: Џини Бас ги тужи своите браќа и сестри поради продажба на удели

Доколку се реализира ова, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на својот преостанат удел во „Лејкерс“, но Џини тврди дека гласањето е неважечко.

Нејзиниот адвокат, Адам Страјсанд, во писмото наведе дека продажбата не може да се спроведе без согласност на актуелните довереници на семејниот фонд – Џини, Џени и Џои Бас.

Проблемот е во тоа што за функцијата гувернер на „Лејкерс“ е потребно најмалку 15 отсто сопственост.

Доколку се продаде уделот од 17,8 проценти на семејството, Џини Бас повеќе нема да го исполнува тој услов и ќе ја изгуби својата улога како контролен сопственик. Според претходниот договор со Марк Волтер, тој требаше да остане на таа позиција барем до 2030 година.

Конфликтот во семејството Бас трае со години, уште од смртта на Џери Бас во 2013 година.

Џини го разреши својот брат Џим од функцијата раководител на кошаркарските операции во 2017 година, по што уследија судска тужба и обид на Џим и Џони да ја отстранат од позицијата сопственик со контролен удел. Ниту продажбата на мнозинскиот удел на Марк Волтер минатата година не помина без контроверзии.

Волтер тогаш ја презеде контролата врз „Лејкерс“, при што франшизата беше проценета на 10 милијарди долари. Сепак, сега Волтер се согласи да ги продаде „Лејкерс“ на Кушнер и Ајгер за рекордни 12,5 милијарди долари.

Доколку се реализира договорот со семејството Бас, тие двајца би контролирале околу 83 отсто од клубот.

Според ESPN, Џини била единствената од шесте деца на Џери Бас која не ја поддржала конечната продажба на семејниот удел. Остатокот од семејството изјави дека донеле заедничка одлука да ги продадат преостанатите акции.

„Ги сакаме Лејкерс и нивните навивачи и ќе продолжиме да го поддржуваме Лос Анџелес, но време е да ја искористиме оваа можност и достоинствено да се повлечеме“, се вели во соопштението на семејството Бас.

Сепак, страната на Џина тврди дека семејните довереници имаат обврска да зачуваат најмалку 15 проценти од сопственоста, за таа да може да остане контролен сопственик.

Семејството Бас е сопственик на „Лејкерс“ уште од 1979 година, кога Џери Бас го купил клубот од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки

Со гордост објавуваме дека нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт Лука Заложник ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки.

Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки

Светското првенство од 19 до 23 август ќе се одржи во Ахен, Германија – храмот на светскиот коњички спорт.

Во конкуренција на најдобрите натпреварувачи од светот, тој ќе ја претставува нашата земја со гордост и спортски дух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер