Најмалку двајца загинати во силно невреме со ветришта, дожд и снег во Бугарија (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалку двајца загинати во силно невреме со ветришта, дожд и снег во Бугарија (ВИДЕО)

Две лица го загубија животот во силното невреме кое зафати големи делови од Бугарија.

Најмалку двајца загинати во силно невреме со ветришта, дожд и снег во Бугарија (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека еден маж загинал кога неговото комбе удрило во паднато дрво на главниот булевар во Софија, додека жена била загинала во Варна кога била погодена од гранка што паднала од дрво.

YouTube video

Силните ветрови и обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа големи штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во повеќе градови и села, соопштија властите.

YouTube video

Жителите на источна Бугарија, која е најтешко погодена од невремето, изјавија дека никогаш не доживеале вакво невреме, пренесува АП.

YouTube video

Во црноморскиот град Варна е прогласена вонредна состојба поради дожд и снег пропратени со бурен ветер. Градските власти соопштија дека е нарушено снабдувањето со електрична енергија во сите општини во Варна и дека клучните улици се блокирани од паднати дрвја и гранки и ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги користат автомобилите само во итни случаи.

YouTube video

Меѓународниот аеродром во Варна е отворен, но има одложени и откажани летови. Бугарските метеоролози денеска издадоа предупредување за опасно невреме за поголемиот дел од источна Бугарија, наведувајќи дека ударите на ветерот ќе достигнат брзина од 125 километри на час.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција „Филтер“: 13 приведени под сомнеж за организиран шверц на цигари, меѓу нив и цариници и полицајци

Голема акција на Царинската управа, полицијата и обвинителството за гонење криминан и корупција - откриен  шверц од над 60 милиони парчиња цигари во седум посебни случаи, како и причинета штета на државата од над 6 милиони евра.

Акција „Филтер“: 13 приведени под сомнеж за организиран шверц на цигари, меѓу нив и цариници и полицајци

Оваа денеска го соопшти првиот човек на Царинската управа кој откри и дека во акцијата, во која од вчера па наваму се направени претреси на 23 локации, приведени се 13 лица меѓу кои и царински, но и полициски службеници.

Дејствијата се одвивале во периодот од јануари до април 2024 година. Според информациите, дел од камионите со цигари биле со крајна цел до друга земја, но наместо тоа, шлеперите иако влегувале со цигари, заминувале празни а злоиуптребите се правеле од служебнитре лица

Според последните информации, покрај приведените, три лица не биле достапни при претресите, меѓутоа властите веќе стапиле во контакт со нив и се работи на нивно обезбедување.

Акцијата под кодно име Филтер 2 ја потврдија и МВР И ОЈО ГОКК, а спред информациите од Царина истата се одвивала повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?

По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. 

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?

Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано.

Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.

Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство.

-Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството.

Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување.

Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите.

Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа.

Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ ​​и иницијативите за млади.

Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+).

До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“.

Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер