Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти - Канал 5

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

 Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти.

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

„Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека потрагата по преживеани под урнатините сè уште трае. Претходно соопшти дека има еден загинат и 20 повредени, од кои 16 се хоспитализирани.

Итните служби информираа дека нападот бил изведен со дронови и балистички ракети, при што биле погодени повеќе делови на градот, а на неколку локации избија пожари.

Граѓанските и воените власти соопштија дека метрото во Киев не работи, откако една бомба погодила воз меѓу две станици. Националната железничка компанија исто така пријави штети на пругите, што предизвика нарушување на сообраќајот кон јужните делови на градот.

Покрај главниот град, и други региони беа погодени од воздушни напади.

Во западниот град Луцк, близу полската граница, при „масовна ракетна и дронска офанзива“ делумно е уништена станбена зграда, а пет лица се повредени, соопшти шефот на локалната воена администрација, Иван Рудницки.

Во Тернополската област, исто така на западот на земјата, регистрирана е „најмасовната воздушна офанзива од почетокот на војната“, со „повеќе удари“, изјави шефот на тамошната воена администрација, Вјачеслав Негода.

Во Русија, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека украински дронови ја нападнале руската престолнина во текот на ноќта. Според него, биле соборени десет беспилотни летала, а три аеродроми привремено беа затворени, информира руската агенција за воздушен сообраќај.

Овие напади следат откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го предупредил во телефонски разговор дека ќе возврати за украинскиот напад врз руски бомбардери пред неколку дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Латино дивата Џенифер Лопез блесна во Париз, каде што присуствуваше на хуманитарна гала-вечер организирана од „Naked Heart France“ и повторно привлече внимание со својот моден избор. 

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Иако овојпат ја пропушти самата модна ревија,светската музичка ѕвезда се појави на еден од придружните настани во впечатлива комбинација.

Џенифер пристигна во смел кафеав фустан со целосно отворен грб и драматичен шлиц што се протегаше високо по нејзината нога. Изгледот го заокружи со црни чевли со отворени прсти и мала чантичка.

Таа им се насмевна на бројните фотографи додека многубројни камери го овековечуваа нејзиното појавување.

Меѓу гостите на хуманитарната вечер беа и други истакнати личности од светот на модата, вклучително и Стела Макартни. Организацијата „Naked Heart France“ е основана од манекенката Наталија Водјанова и е посветена на подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства во Франција.

Во последните недели, Џенифер Лопез привлекува големо внимание со своите појавувања на модни настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

-Историски момент за Кавадарци! [❤️]

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење. Младинскиот центар ќе биде на второто ниво, со површина од околу 800 м² и со посебен влез, како дел од новиот деловно-трговски комплекс кој ќе се простира на околу 6.000 м².

Современ простор за култура, образование, креативни работилници, настани, дружење и младински иницијативи.

Комплексот ќе располага со 25 паркинг места, плус дополнителни околу 40 места пред објектот.

Целокупната инвестиција и изведба на објектот е од страна на Five Star Building, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Според американските медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џим Кери (64) се оженил со Мин А (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, девет месеци откако првпат се појавија заедно во Париз. 

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Двојката главно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Париз.

Џим Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак.

Кери и Мин А првпат заедно прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз, тие се во врска од 2022 година. Тој главно ја чуваше врската со уметницата во тајност, иако ѝ се заблагодари во говорот на таа церемонија и изјави дека ја сака.

Актерот претходно изјави дека не планира повторно да стапи во брак. За време на гостувањето во емисијата *The Howard Stern Show* во 2014 година, тој го изнесе ставот дека тоа не е неопходно.

„Едноставно не го сметам за неопходно“, рече тој, додавајќи дека иако не може да знае како би се чувствувал доколку запознае некоја личност што целосно би го освоила, сепак не би тргнал доброволно во тој правец.

Тој претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1993 година, со која ја има ќерката Џејн. Нивниот развод беше опишан како тежок, а спогодба беше постигната во 1995 година. Браковите и медиумски експонираните врски на Џим Кери Потоа, во 1996 година, се ожени со Лорен Холи, неговата колешка од филмот *Dumb and Dumber* („Глупавиот и поглупавиот“), но таа поднесе барање за развод помалку од една година подоцна.

Во 1999 година, Џим Кери започна врска со Рене Зелвегер – со која и се сврши – но тие раскинаа во 2000 година. Потоа, од 2005 до 2010 година беше во врска со Џени Мекарти. Подоцна, се поврзуваше со неколку други жени, меѓу кои шминкерката Катриона Вајт и актерката Џинџер Гонзага, пренесува Klix.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер