3Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
СветНајмалку 61 лице загина, а 116 се повредени во поплавите во Авганистан од крајот на минатиот месецНајмалку 61 лице загина, а 116 се повредени како резултат на обилните дождови, поплавите, лизгањата на земјиштето и ударите од гром во Авганистан од 26 март, објави ДПА, повикувајќи се на авганистанските власти.Најмалку четири лица сè уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија илјадници домаќинства и оштетија 2.448 куќи, напиша на „Х“ Забихулах Муџахид, портпарол на авганистанската талибанска влада. Покрај тоа, уништени се и илјадници хектари обработливо земјиште, што претставува сериозен ризик за руралните заедници кои главно се потпираат на земјоделството. Во последниве години, Авганистан беше погоден од слични големи поплави повеќе од еднаш, предизвикувајќи значителни човечки загуби и материјална штета на домовите, инфраструктурата и земјоделското земјиште. Екстремните временски настани, како што се ненадејни поплави или суши, се сè почести во Авганистан, што експертите го поврзуваат со климатските промени. Авганистан е меѓу земјите најпогодени од климатските промени и останува слабо подготвен да се справи со нив по децении конфликт, лоша инфраструктура и економија во криза, влошени од неодамнешните земјотреси и поплави. Тагови: Авганистан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари.На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени. СДС важи за партија којашто низ историјата на независна Македонија, водела исклучиво погубни политики во делот на евроинтегративниот процес на државата. Од промена на знаме, име, Устав, до денес барањата на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСекси мајка: Дилет изгледа неверојатно по породувањетоЕдна од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека таа се врати во топ форма толку брзо по породувањето. Една од најибавите телевизиски водителки на светот, атрактивната Италијанка, Дилета Леота го официјализираше враќањето кон својот препознатлив провокативен изглед на својот Инстаграм профил. Италијанската спортска водителка се породи пред три недели и донесе син на свет. Таа веќе има ќерка со сопругот, германскиот голман Лорис Кариус. View this post on Instagram A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) Дилета, која многумина ја сметаат за една од најатрактивните жени во светот, објави фотографија на која лежи на кауч во црна облека. Носеше облека што личи на костим за капење. Нејзините следбеници беа изненадени и не можеа да поверуваат дека толку брзо се вратила во врвна форма по породувањето.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ирина Шајк зрачи со сексипилПознатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно ги излуди сите на социјалните мрежи. Како да не беше доволно нејзиното претходно појавување на Мет Гала кога се појави речиси гола и ви го одзеде здивот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Овој пат, убавата Русинка објави серија фотографии од разни настани, меѓу кои се издвои онаа на која Ирина позира во едноставно бикини. Сè почесто кога ја гледаме во вакви публикации, имаме и можност да се увериме дека моделот обожава едноставност. А сега се одлучи за „обично“ бикини, но доволно мало и провокативно за повторно сите да зборуваат за нејзиното тело, наместо за моделот. „Кралица“, „Ти си најубавата жена на светот“, „Гориш“, „Толку едноставна и единствена“, „Сјаеш, жено“, беа само дел од коментарите.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook