СветНајмалку 60 лица загинаа во напад врз бегалски центар во градот Ел Фашер, соопшти суданска организацијаНајмалку 60 лица загинаа во напад врз бегалски центар, во кој биле сместени раселени лица во Ел Фашер, опколениот град во провинцијата Западен Дарфур во Судан.Локалната невладина организација „Координација на комитетите на отпорот“ соопшти дека воени сили од паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) извршиле два напади со дронови и испукале осум проектили кон бегалскиот центар „Дар ал Аркам“, кој се наоѓа во рамките на локален универзитет. „Координација на комитетите на отпорот“ ја организира и координира хуманитарната помош за погодените од конфликтот во Судан и документира случаи на злоупотреби. Тагови: напад Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години. Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол. Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта. Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано. Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожарПознатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото. Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати. – Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
АвтомобилизамОткриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики. Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили. Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација. Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter