Најмалку 58 лица го загубија животот при потонување на брод во Централноафриканската Република

Најмалку 58 лица го загубија животот кога преполнет брод потона во реката Мпоко во регионот на главниот град на Централноафриканската Република - Банги.

Голем број од патниците на бродот се исчезнати. Светските агенции, повикувајќи се на Владата на ЦАР, јавуваат дека луѓето со бродот оделе на погреб.

„Успеавме да извлечеме 58 безживотни тела од реката, но нема поим колку луѓе има под водата“, изјави за радио „Гира“ генералниот директор на „Цивилна заштита“, Томас Џимас.

Четириесет минути по трагедијата на местото на настанот пристигнале првите спасувачки екипи на владината служба, со која тој раководи.

Според изјавите на очевидците и видеата дистрибуирани на социјалните мрежи, бродот превезувал повеќе од 300 луѓе, што е далеку над неговиот капацитет. /МИА

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад.

Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.

Сите средни училишта во Сеул добиле дојави за поставени бомби

Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, добиле преку факс закани на јапонски јазик дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, а училиштата ги зајакнале безбедносните мерки.

Во факсот се укажува дека бомбите веќе се поставени во сите средни училишта во Сеул и дека ќе почнат да експлодираат в петок попладне по локално време, соопшти полицијата.

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај 9-оодделенци

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер.

Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.

Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.

Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.

Општина Аеродром

притисни ентер