Најмалку 45 аџии загинаа во автобуска несреќа во Саудиска Арабија - Канал 5

Најмалку 45 аџии загинаа во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

 Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот со кој патувале се запалил во несреќа близу Медина во Саудиска Арабија, изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад.

Најмалку 45 аџии загинаа во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

Во автобусот имало 46 патници, рече В. С. Сајјанар на прес-конференција. Тој додаде дека мажот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во локалната болница.

Поголемиот дел од жртвите се од Хајдерабад, кој се наоѓа во јужната индиска сојузна држава Телангана.

Аџиите патувале од исламскиот свети град Мека кон Медина кога се случила несреќата, соопшти владата на Телангана.

Тие отпатувале во Саудиска Арабија на аџилак кој претставува пократка верзија на најголемото исламско поклонение.

Индискиот премиер Нарендра Моди објави на Х дека е „длабоко ожалостен“ поради несреќата и оти индиските власти се во контакт со службениците во Саудиска Арабија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ 

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.

Кој е тој „талог“ според Мицкоски?

Сите што не мислат како него.

Сите што ја разобличуваат неговата политика.

Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа.

Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче

СДС се ставија на страната на талогот  предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот  предводена од Заев и Филипче

Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер