СветНајмалку 40 луѓе починаа од колера во Судан за една неделаНајмалку 40 луѓе починаа од колера за една недела во регионот Дарфур во западен Судан, кој е разорен од војна, објави денеска организацијата „Лекари без граници“.-Покрај раширената војна, суданскиот народ во моментов се соочува со најлошата епидемија на колера во земјата во последните години, предупредија „Лекари без граници“. „Само во регионот Дарфур, тимовите на „Лекари без граници“ лекуваа повеќе од 2.300 пациенти минатата недела и регистрираа 40 смртни случаи од колера“, додаде организацијата. Сериозната болест, која се пренесува преку контаминирана вода и храна и предизвикува дијареја, може да предизвика смрт за неколку часа ако не се лекува. Од јули 2024 година, според Светската здравствена организација (СЗО), низ Судан се пријавени околу 100.000 случаи на колера, а болеста се проширила „во сите федерални држави на Судан“. Војната, која сега е во третата година и која одзеде десетици илјади животи и расели милиони, доведе до „најлошата хуманитарна криза во светот“, како што ја опишаа ОН. Најмалку 40 луѓе починаа од колера за една недела во регионот Дарфур во западен Судан, кој е разорен од војна, објави денеска организацијата „Лекари без граници“. -Покрај раширената војна, суданскиот народ во моментов се соочува со најлошата епидемија на колера во земјата во последните години, предупредија „Лекари без граници“. „Само во регионот Дарфур, тимовите на „Лекари без граници“ лекуваа повеќе од 2.300 пациенти минатата недела и регистрираа 40 смртни случаи од колера“, додаде организацијата. Сериозната болест, која се пренесува преку контаминирана вода и храна и предизвикува дијареја, може да предизвика смрт за неколку часа ако не се лекува. Од јули 2024 година, според Светската здравствена организација (СЗО), низ Судан се пријавени околу 100.000 случаи на колера, а болеста се проширила „во сите федерални држави на Судан“. Војната, која сега е во третата година и која одзеде десетици илјади животи и расели милиони, доведе до „најлошата хуманитарна криза во светот“, како што ја опишаа ОН.Тагови: колера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска трескаОпштина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА: Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци. АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ! Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години ЕБР – „секогаш и секаде“ЕБР одбележа 25 години постоење.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата. Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата. Тагови: ЕБР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook