Најмалку 39 загинати при судир на два брзи воза во Шпанија - Канал 5

Најмалку 39 загинати при судир на два брзи воза во Шпанија

Искршени вагони, искривени шини и безживотни тела под железничката пруга сведочат за трагедијата што се случи синоќа во Шпанија која досега брои 39 жртви.

Најмалку 39 загинати при судир на два брзи воза во Шпанија

Искршени вагони, искривени шини и безживотни тела под железничката пруга сведочат за трагедијата што се случи синоќа во Шпанија која досега брои 39 жртви, откако, брз патнички воз што сообраќал од Малага кон Мадрид, кај местото Адамус, излетал од шините и удрил во друг воз кој доаѓал од спротивна насока. На терен се уште се пожарникари, медицински тимови и хеликоптери за итен транспорт на повредените.

Преживеаните пак, кои за среќа не биле повредени раскажуваат дека возот во кој се превезувале одеднаш почнал силно да се тресе, „како да има земјотрес“, по што следел удар што за миг вагоните ги претворил во сцени на хорор, хаос и страв.

Последните вагони беа преполни. Имаше премногу луѓе и сите бегаа, сите.

-Благодарна сум на бога што ништо не се случи во вагонот во кој бев јас. Сите си помагаа еден на друг и се молам на бог сите повредени да бидат добро.

-Дел од тие што живеат во близина дошле да помогнат како знаат и умеат.

-Кога дојдов на самото место можев да земам едноп повредено момче и го носев на грб од крајот на пругата, на 500 метри од тука. Го однесов во мојот дом, сега ја барам неговата мајка и негов пријател, барем да успеам да ја најдам мајката која верувам дека не знае и се прашува дали нејзиниот син е жив.

-Мораме да си помогаме. Ако не во ваква трагедија, кога? Ова може да се случи секому. Сакам да земам некој од повредени дома и да помогнам колку можам.

Во текот на ноќта тензијата не стивнувала бидејќи пожарникарите имале комплицирани спасувачки операции поради извитканите и затрупани вагони, па морале да ги отстрануваат телата на починатите за да стигнат до дел од преживеаните кои биле „заробени“, бидејќи залудни биле напорите на поединци да излезат сами удирајќи со чекани по плеховите и прозорците.

Причините за несреќата сè уште се истражуваат. Шпанските власти формираа посебна комисија која треба да утврди дали станува збор за човечка грешка, технички дефект или проблем со сигнализацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер