Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен - Канал 5

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите.

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА

Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, освен ако Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.

Телевизијата „Ал Масира“ објави дека 102 лица биле повредени и во нападите на пристаништето за гориво Рас Иса во четвртокот. Американската војска соопшти дека „целта на овие напади била да се ограничат економските извори на моќ на Хутите"

Почнувајчи од ноември 2023 година, досега Хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз бродови кои минуваат низ Црвеното Море, велејќи дека ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел во знак на протест против војната во Газа. /МИА

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

 Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер.

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои ќе помогнат во намалување на миграциите.

Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе најави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Британија откако ќе бидат депортирани и ќе стори повеќе за искоренување на перењето пари меѓу двете земји. Тој исто така ќе донира два уреди за откривање фалсификати со цел полесно да се препознаат оние кои користат лажни пасоши.

Тој исто така ќе најави проширување на заедничката работна група за миграции со додавање на Македонија и Црна Гора. Групата инаку веќе ги вклучува Албанија и Косово.

Во 2022 година, Албанците беа најбројни мигранти во Британија, но бројот оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација што го склучи претходната конзервативна влада.

Што се однесува до легалните миграции, кои го сочинуваат најголемиот дел од оние кои доаѓаат во Британија, Стармер претходно оваа недела вети значително намалување на нето-приливот, истакнувајќи дека земјата без построги правила ризикува да стане „остров на странци“.

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса.

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.

На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани. Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата.

На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка.

Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата: „Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.

Граѓаните извикувале „Србија“ и „Пуштете ги сите“. Една студентка преку мегафон ги предупредила граѓаните дека пристигнува полициско засилување, кое ќе им пријде на граѓаните од грб, што предизвикало немир меѓу собраните.

Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарна власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шестмина активисти на СТАВ се товарат за исто дело, а тие во моментот на апсењето се наоѓале во странство, каде што се и денес.

Сите се обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на режимските телевизии на 14 март. Бранителите на обвинетите во повеќе наврати тврдеа дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) разговорот го прислушувала незаконски и додадоа дека аудио снимката не може да биде правно валиден доказ во тој процес.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

 Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.

Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.

Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико.

притисни ентер