Најмалку 35 години затвор за ученикот кој до смрт претепа наставничка во Ајова - Канал 5

Најмалку 35 години затвор за ученикот кој до смрт претепа наставничка во Ајова

Тинејџер од Ајова, кој се изјаснил за виновен за претепување на професорка по шпански до смрт со безбол палка, мора да одлежи 35 години затвор пред можноста за условно ослободување, потврди највисокиот суд на државата.

Најмалку 35 години затвор за ученикот кој до смрт претепа наставничка во Ајова

Вилард Милер имал 16 години кога заедно со уште еден тинејџер ја убиле Нохема Грабер, 66-годишна наставничка во средното училиште Ферфилд, во 2021 година. Поради лоши оценки, Милер и Џереми Гудејл (19) ја нападнале жената додека се шетала во паркот, објави АП.

Милер е осуден минатата година на доживотен затвор со задолжителен минимален број отслужени години, но поднесе жалба на казната до Врховниот суд на Ајова, тврдејќи дека е неуставно да се осудуваат малолетните престапници на минимална казна пред да бидат подобни за условно ослободување.

Државниот Врховен суд вчера едногласно ја потврди одлуката на окружниот суд, утврдувајќи дека судскиот преседан експлицитно дозволува задолжителни минимуми за малолетните престапници сѐ додека се земат предвид уникатните фактори на нивниот случај. Се наведува дека судијата на окружниот суд соодветно ги применил факторите за казнување.

Чаби Алонсо сака Модриќ да остане во Реал

Чаби Алонсо, кој се очекува да го преземе Реал Мадрид во блиска иднина, се изјасни за задржување на играчот од средниот ред Лука Модриќ во тимот, пренесува „AS“.

Чаби Алонсо сака Модриќ да остане во Реал

Според шпанскиот спортски портал, идниот тренер на Реал Мадрид во разговор со раководството истакнал дека играч од ваков профил би му бил корисен во тимот.

Одлуката за иднината на 39-годишниот Хрват ќе ја донесе клубот, но мислењето на Алонсо би можело да има големо влијание врз разврската на ситуацијата.

Актуелниот договор на Модриќ истекува ова лето. Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 55 натпревари на сите турнири, постигна 4 гола и направи 9 асистенции. Тој игра за „Кралскиот клуб“ од 2012 година.

Јанчев: Реконструкција на фекална канализација во село Ресава

Реконструкција на фекална канализација во село Ресава, напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Реконструкција на фекална канализација во село Ресава

Изведувач на работите е фирмата РМК ГРАДБА од Студеничани., во вкупна вредност од 8.089.655 денари, од кои 3.000.000 денари се инвестиција на Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот износ е инвестиција на општина Кавадарци.

Кавадарци за сите!, стои во објавата на Јанчев.

Унгарскиот Парламент го поддржа предлогот земјата да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

 Унгарскиот парламент денеска го поддржа предлогот на владата за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Унгарскиот Парламент го поддржа предлогот земјата да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

За одлуката со која Унгарија по 23 години се откажува од Римскиот статут и се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, гласаа 134 пратеници, 37 беа против, а седуммина воздржани.

Владата, поднесувајќи го предлогот, наведе дека судот станал политичка организација, отстапувајќи од својата првобитна цел.

- Унгарија најостро го отфрла користењето на меѓународните организации, особено кривичните судови, како инструменти за политичко влијание, се наведува во предлог-законот што го поднесе пред парламентот вицепремиерот Жолт Шемјен.

Иако земјите членки на Европската унија се членки на ова тело, неколку земји (вклучувајќи ги Кина, Русија, Турција, Израел и САД) сè уште не ја ратификувале конвенцијата.

Владата на премиерот Виктор Орбан го најави овој потег на 3 април, кусо по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Будимпешта, за кого овој суд издаде налог за апсење поради наводни воени злосторства во Газа.

притисни ентер