СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
1СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
2Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
СветНајмалку 29 загинати во руски напад на детска болница во Киев, Зеленски најави одмазда Русија започна масовен напад врз градовите низ Украина. Погодена е детска болница во Киев.Најмалку 29 цивили загинаа, соопштија украинските власти, пренесе Индекс. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда по големиот бран руски ракетни напади врз Украина, при што загинаа најмалку 29 лица и е оштетена детската болница во Киев. Украина ќе иницира состанок на Обединетите нации по нападот, рече тој. Зеленски денеска изјави и дека Украина чека конкретни чекори од западните партнери за зајакнување на воздушната одбрана и заштита на нејзиниот енергетски сектор за време на самитот на НАТО оваа недела, пренесува Ројтерс. Се очекува Зеленски да отпатува за Вашингтон на самитот подоцна во текот на денот, откако ќе ја заврши посетата на Полска. Рускиот напад беше извршен ширум Украина. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 30 од 38-те проектили лансирани од Русија за време на смртоносниот напад. Руските сили употребиле крстосувачки, балистички, воздушни балистички и наведувани ракети во комбинираниот напад врз украинските градови, соопшти украинското воздухопловство. Детската болница Охматдит, најголемата медицинска установа за деца во Украина, е сериозно оштетена во нападот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
МакедонијаСДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултатиЕкономските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши.Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема. Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра. Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте. Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО. И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата. Струјата за туѓи профити, рудата за туѓата воена индустрија, ризикот и сметката за граѓаните. Провизијата за арамиите. Тоа не е економска стратегија туку распродажба на Македонија. Мицкоски е економски армагедон за Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоциАвстралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИПремиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството. „Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти. „Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“. Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциитеДо крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат и дека буџетскиот дефицит, растот на БДП и задолжувањата ќе се одвиваат согласно проектираното во Ребалансот на Буџетот. „До крајот на годината не очекуваме позначајни промени и остануваме на проекцијата што ја имавме особено имајќи предвид дека стапката на раст во вториот квартал е 4,3%. Владата во измиантите две години многу посветено и напорно работеше на економијата и мислам дека сето тоа сега дава на некој начин резулати. И во однос на буџетскиот дефицит тоа што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот во истовреме ќе работиме на кратење и на приходна и на расходна страна. Доколку останеме на истата состојба како сега повторно кажувам дека дефицитот нема да оди надвор од предвидено, во истовреме и задолжувањето бидејќи и тоа е дел од Ребалансот, којшто поминал во Собрание и тоа да кажеме се некои рамки во коишто Министерството за финансии мора да се движи“, истакна министерката за финансии во интервју за Македонската телевизија во Њујорк. Потенцира дека се следат будно состојбите и дека се реагира согласно случувањата на глобално ниво. „Ги следиме состојбите и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Ние во Министерството за финансии минатата недела имавме состанок со Управата за јавни приходи и Царинската управа во насока на тоа да видиме кои се нашите очекувања согласно состојбите, какви се очекувањата до крајот на годината, како се полни Буџетот и она што може заеднички да го кажеме е во рамките на планиранот, освен кај акцизата заради мерките“, наведе министерката. Министерката, којашто во Њујорк учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, посочи дека мерките што се преземени како одговор на кризата се соодветни и дека имаат влијание на Буџетот. „Она што е очигледно дека најмногу имаме влијание кај акцизата и таму се и мерките најголем период фокусирани, но од друга страна може да потвдиме дека Македонија е една од земјите коишто навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфалции, што јасно покажува дека мерките биле навистина насочени таму каде што треба. Морам да кажам дека низ целата дискусија постојано проверуваше фактот дека ние треба да се фокусираме на долгорочен раст кој се заснова на продуктивност. За да имате добра продуктивност во исто време треба да имате што е можно поевтини параметри или суровини. На некој начин и енергетските суровини се тие што треба да одржат пониски цени за да имаме поголема конкуретност. Така што би рекла дека сме во добра насока, но неизвесноста останува и натаму, а ќе се прилагодуваме согласно состојбите на светско ниво, бидејќи тоа не зависи од нас“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter