СветНајмалку 250 загинати и над 500 повредени во силен земјотрес во АвганистанЗемјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија.Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на Министерството за информации изјави за Анадолија дека жртви и повредени се пријавени во областите Нур Гал, Савки, Ватпур, Маноги и Чапа Дара во провинцијата Кунар. Тој додаде дека конечните бројки за загинатите и повредените сè уште не се утврдени, бидејќи властите комуницираат со жителите во оддалечените области, а тимовите за помош се упатени кон погодените региони. Авганистанската привремена администрација мобилизираше хеликоптери за спасување и транспорт на повредените, бидејќи патиштата се блокирани поради свлечишта, што ги спречува спасувачките екипи да стигнат до повеќе погодени области. Локалните жители го опишаа земјотресот како еден од најсилните што го погодиле регионот. Портпаролот на привремената администрација, Забихула Муџахид, потврди дека земјотресот предизвикал жртви. „За жал, вечерва земјотресот предизвика загуби на животи и материјална штета во некои од нашите источни провинции“, напиша тој на платформата Х. Муџахид додаде дека локалните власти и жителите се ангажирани во спасувачките операции, а тимови за поддршка од централните и околните провинции се упатуваат кон погодените области. „Сите расположиви ресурси ќе бидат искористени за спасување на животи“, истакна тој. Според USGS, по главниот земјотрес, истата област била погодена од уште најмалку два земјотреса со јачина од 5,2 степени.Тагови: Авганистан земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј СибихаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина. Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право. „Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски. Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир. „Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот. Муцунски ја потврди и подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција. „Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски. Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји. Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПогребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврскиПоранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата. Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени иметоУнграскиот премиер ги расчисти дилемите. Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија. Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07