Најмалку 218 жртви при уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република - Канал 5

Најмалку 218 жртви при уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Најмалку 218 лица го загубија животот при завчерашното уривање на покривот на ноќниот клуб „Џес Сет“ во Санто Доминго, главен град на Доминиканската Република.

Најмалку 218 жртви при уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Најмалку 218 лица го загубија животот при завчерашното уривање на покривот на ноќниот клуб „Џес Сет“ во Санто Доминго, главен град на Доминиканската Република, јавија светските агенции, повикувајќи се на шефот на спасувачките тимови.

„За жал, според прелиминарните податоци, загинаа 218 лица“, изјави за новинарите Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.

Тој додаде дека 189 луѓе се спасени, а бројот на жртви и натаму може да расте.

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

притисни ентер