Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут - Канал 5

Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут

Најмалку 20 лица загинаа во денешните израелски напади врз јужен Либан и јужните предградија на Бејрут, соопштија локалните власти.

Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут

Либанското министерство за здравство соопшти дека 16 лица загинале, а 40 се ранети во јужен Либан, додека во израелските воздушни напади врз филијалите на мрежата „Ал-Кард ал-Хасан“, поврзана со Хезболах, во јужните предградија на Бејрут, загинало лице и повредиле 12 други, пренесе ДПА.

„Ал-Кард ал-Хасан“ е вид на банка поврзана со Хезболах и има свои филијали низ Либан, вклучувајќи го и Бејрут.

Министерството за здравство претходно соопшти дека во нападите врз локации со кои управува Исламскиот здравствен комитет, исто така поврзан со Хезболах, во два јужни либански окрузи, загинале двајца болничари, а шестмина се повредени, обвинувајќи го Израел за „систематско гаѓање на спасувачки тимови“.

Израелските сили извршиле 11 воздушни напади насочени кон финансиската институција на Хезболах во јужните предградија на Бејрут. Силни експлозии се слушнале низ главниот град, а густ црн чад ги прекрил целните области. Во најновата ескалација досега загинаа околу 400 луѓе во Либан.

Хезболах, од своја страна, ја презеде одговорноста за неколку нови напади врз израелски цели. Милитантната група соопшти дека биле истрелани ракети кон воздушна база во Хаифа, меѓу останатите цели.

Портпаролот на израелската војска изјави дека Хезболах досега искористил стотици ракети и дронови против израелските цивили во северен Израел. Нападите од јужен Либан докажуваат дека милитантната група не се повлекла од тој регион како што било договорено, нагласи портпаролот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!

Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда. 

СДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!

Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ.

Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот.

Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови.

За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите.

Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси.

Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ - СНС, партија во друга држава.

Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси.

По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери.

По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање.

Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница.

Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители.

Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ.

Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ - тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму.

Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик.

СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома.

Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ.

Скопје, 01.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“.

Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена.

Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата.

„Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер